Доколку сте заљубени во маж кој е зафатен, овие ТРИ работи ви преостануваат да ги направите

Љубовните приказни кои се развиле од прељуба, успеале да прераснат во вистинска врска за цел живот – најчесто во измислените филмски приказни.

Ако и вие се наоѓате во ситуација да сте заљубени во оженет маж и момче во врска, знајте дека е невозможно тие веднаш се да оставам и да започнат нов живот со вас. Ова е многу компликувана и измешана ситуација во која имате само три опции. Еве за што станува збор. 

Прекинете комуникација со него 

Тоа што многу успеале не значи дека и вие ќе успеете. Секако, не знаете додека не преземете некој ризик, но ако постојано зборува дека сте убава, добра, внимателна и секси и по половина година и натаму е во брак или врска со истата девојка, тогаш од вас ништо сериозно нема да биде никогаш. Прекинете го секој контакт и посветете се на некој друг, слободен. Му дадовте доволно време да размисли и донесе одлука. Немојте да дозволите да продолжи да седи на две столици бидејќи тоа не го заслужувате ниту вие, ниту таа друга жена. 

Немојте повеќе да се гледате со него поради секс 

Иако совршено се дополнувате и сексот е одличен, престанете да се гледате со него. Можеби мислите дека поради неверојатен оргазам кој му го нудите секогаш сепак ќе одлучи да продолжи со вас, но да знаете дека грешите. Доколку може да има секс со вас, а потоа да се враќа на сигурно – зошто тоа би го менувал и расипувал? Морате да научите да се цените повеќе себеси и застанете му на патото на таквото однесување пред вас. 

Престанете да му го посветувате своето слободно време 

Некои жени мислат дека момчето ќе ги заборави и ќе се врати кај својата жена ако престанат да му посветуваат внимание и тоа е точно. Тогаш кога ќе ве заборави вас и најде некоја втора или трета се додека му треба некоја која ќе му посветува внимание.

Коментари

Популарно