(ВИДЕО) СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА: „Државата ни гори, ти за две слики плачеш“ – коментар на профилот на Лила хит на интернет

Водителката на квизот „Сѐ или нешто“, на социјалните мрежи објави дека била жртва на хакери, односно дека нејзиниот Инстаграм профил бил хакнат.

– Драги пријатели , после 24 часа успеав да го вратам профилот кој што ми беше хакиран. Што се случи ќе чуете утре ексклузивно на 1 тв. Бидете внимателни секој може да биде жртва на cyber criminal. Избришани ми се многу фотографии и луѓе кои сум ги следела, а сочувани ми се следачите кои сакале да си ги искористат за свои потреби. Ве гушкам, напиша таа вчера на социјалните мрежи.

Во врска со целиот случај кон Лила беше упатен коментар кој веднаш стана хит на интернет.

„Село гори, баба се чешла, нас државата ни се распаѓа, тебе 2 слики ти избришале на профил, па 3 дена пола Македонија за тоа зборува“, стои во коментарот.

Познатата водителка Лила Филиповска беше гостинка во отвореното студио на 1ТВ, каде ексклузивно ги раскажа сите детали околу хакирањето на нејзиниот профил на Инстаграм со преку 116.000 следбеници.

Филиповска ги демантираше наводните гласини дека станува збор за некаков си маркетиншки трик, велејќи дека таа воопшто нема потреба од таква промоција.

За сите детали, за тоа како дошло до хакирањето на профилот и се останато,  погледнете го ексклузивното гостување:

Коментари

Популарно