Никој не ѝ веруваше на золвата, а сега е доцна – сестрата на Лука ѝ ја предвиде судбината на Наташа

Веднаш по свадбата на Ибица Наташа Беквалац се соочи со проблеми со семејството на Лука. Според она што го пишуваа лани во септември српските медиуми, најгласна од сите е неговата сестра Ана, која наводно открила дека семејството се откажало од Лука кога тој решил да стапи во брак со пејачката.

„Не сакаме да ја видиме Наташа, а камо ли да го признаеме тој брак. Лука е мој роден брат и тој е патолошки лажго, од наша страна никој не сакаше да биде дел од свадбата, тој ќе помине како Љуба Јовановиќ. Не е нормален“, е дел од пораката која Ана ја објавила на својот Фејсбук-профил, а набрзо и ја избришала и демантирала дека го кажала тоа.

Таа наводно уште рекла и дека Лука е нејзин „поранешен брат“, а него и новата снаа ги нарекла имбецили и лажговци.

„Она кога к…и се лепат за мојот бивш брат, за кого цел Белград знае дека е патолошки лажго, а верувајќи дека моите и недвижностите на моите родители се негови! Ако поседува некоја недвижност како ниедна жена не донел во својот стан!? Ќе чува туѓи деца до крајот на животот. Најголемата тајна за него ќе биде и најшокантна, кога ќе се огласи маж ми“, наводно напишала Ана пред да се премисли и да избрише се.

Контроверзиниот албански бизнисмен Ќазим Османи, љубовник на половина српска естрада, се јави по веста за семејносто насилство што го доживеа Наташа Беквалац минатата ноќ.

– Не можам да сфатам некој да ја удри мајката на своето дете, особено Наташа Беквалац, една балканска ѕвезда. Криво ми е кога некој си дава право да тепа некоја од жените со кои сум бил и деновиве ќе видам како моѓам да ѝ помогнам на Наташа, изјавил Ќазим за Пинк.рс.

Поп пејачката Наташа Беквалац и Ќазим беа во врска во 2011 година откако таа се разведе со првиот сопруг, Данило Икодиновиќ. Ќазим е 20 години постар од неа, оженет е и има осум деца.

Ќазим Османи беше со врска и со Ана Николиќ, а исто така се понуди и нејзе да ѝ помогне откако ја претепа Раста.

Коментари

Популарно