(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) За црвено-бел пенис летаа глави на „Маракана“: Повторно крв меѓу Делии и Гробари

Српските портали објавија вознемирувачки фотографии од пресметката помеѓу навивачите на Црвена Звезда и Партизан.

Звезда и партизан го одиграа 157 дерби на стадионот Рајко Митиќ, а домаќинот славеше победа со резултат 2:1.

Меѓутоа повторно имаше „грди“ сцени, посебно на трибините, каде физички се пресметаа две навивачки групи, а интервенираше и полицијата.

Наводно, причината за пресметката на западната трибина била балонот во форма на полов орган со кој навивачите на Партизан возвратија на провокациите на домашните навивачи.

Српски Курир објави некои вознемирувачки фотографии од трибините на белградскиот стадион.

Не можеше да мине без немили сцени, тепачки, демолирање и фрлање на бакљи ниту на ова „Вечно дерби“ во Белград.

Се започна од моментот кога „Делиите“ почнаа брутално да го навредуваат потпретседателот на Партизан Владимир Вулетиќ со скандирање, со навредливи транспаренти, а потоа и со имитација на полов орган направен од балон, алудирајќи на секс-скандалот и геј-аферата во која наводно е вмешан високиот функционер на Партизан.

Балонот заврши на западната трибина каде поради ова дојде до конфликт помеѓу таканаречените симпатизери на двата тима, тоа не можеа да го истрпат фановите на Партизан кои се најдоа на таа трибина.

Дојде до физичка пресметка, а сето тоа предизвика реакција и на фракцијата на „Гробари“, која ја предводи поранешниот водач на групата Милош Радосављевиќ Кими, која беше сместена во кафез помеѓу јужната и западната трибина.

Тие почнаа да кршат столчиња и со нив, со факели и топовски удари почнаа да ги маваат навивачите на Звезда на западната трибина, а во еден момент се обидоа и да ја срушат оградата која ги раздвојуваше.

Кога во тоа не успеаја, влегоа во конфликт со полицијата која ги спречи да влезат на западната трибина.

Целиот хаос траеше околу десетина минути.

Видео снимките од случувањата на „Маракана“ можете да ги видите ТУКА.

Коментари

Популарно