Руска амбасада: Заев е погрешно информиран

Од Руската амбасада во Скопје на нивниот Твитер профил реагираа на изјавата на премиерот Заев во интервјуто за ТВ 24, каде вели дека „протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите и биле презентирани на амбасадата на Русија“.

„Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никави предупредувања ниту „докази“ за кои зборува Премиерот. И понатаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи“, напишаа од Руската амбасада во Скопје, за чинот на протерување на рускиот дипломат, кој македонското министерство за надворешни работ, како што рече министерот Димитров, се направил во координација со западните сојузници и како чин на солидарност со Велика Британија.

Коментари

Популарно