(ВИДЕО) Се молат да го преживеат секој нареден ден: Семејството Петрушевски живее во беда и без храна

Беда и сиромаштија владее во домот на семејството Петрушевски, на ул „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир.

Нивната сторија ја пренесува телевизија Сител.

Тричлено семејство кое е препуштено на милост и немилост. Без храна и во руинирана соба и тоалет од кој се шират зарази, семејството се моли да го преживее секој нареден ден.

-Со солзи во очите и очај, пред нашиот објектив раскажуваа за животот кој го живеат. До неодамна живееле од социјална помош, а сега и тоа им е укинато. Живеат заедно со мајката на Марија која воопшто не им помага и која постојано седи заклучена во својата соба. Помош од роднините не добиваат, препуштени се на милоста на нивните комшии. Семејството Петрушевски едвај составува крај со крај. Иако се со здравствени проблеми, живеат без социјална помош, преживуваат чистејќи по влезовите, објавува Сител.

Семејството моли до надлежните институции и хуманите луѓе за помош. Се е добредојдено во овој мизерен дом.

Дотогаш тие остануваат во живот меѓу четирите ѕидови, во трошната соба, со телевизорот кој можеби и ќе издржи и со желби за подобри денови. Здравје велат, ќе видиме…

Коментари

Популарно