(ВИДЕО) Ги преземале работите во свои раце: Силувач фрлен во кафез со крокодили

Жителите на мексикански Оахака ги преземале работите во свои раце откако еден човек обвинет за силување го фрлиле во кафез со крокодили.

Како што пренесуваат мексиканските медиуми, човекот познат по името Хасинто најпрвин бил претепан од бесната толпа. Тој бил обвинет дека силувал една девојка, а нападнал уште две. Кога една од нив пружила отпор, тој толку ја претепал што за малку ќе го загубела животот.

Полицијата го одвела во полициската станица, но групата од околу 50 бесни граѓани упаднала во станицата, го грабнала човекот и го одвеле во околниот парк, по што започнале да го тепаат.

Потоа тие го фрлиле во еден кафез каде што наводно имало и два крокодили. Полицајците повикале засилување и успеале некако да се справат со бесната толпа и да го спасат силувачот кој што со тешки телесни повреди итно бил пренесен во болница.

Мексиканските медиуми пренесуваат дека тамошната полиција добила наредба да распореди сили околу болницата со цел да спречат толпата да упадне и да го линчува.

Коментари

Популарно