Облачно во цела Македонија, но каде ќе врне?

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерен облачност. Попладне променливо облачно, главно во западните и јужните делови со повремен локален дожд и ретки грмежи. Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец кој во северозападните делови повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно и топло со сончеви периоди и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 23 степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер кој во петок во северните делови и вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.

Коментари

Популарно