По Адеа Шабани почина младата Драгана, никој не знае како

Откако како бомба одекна веста за девојката од Скопје, Адеа Шабани, која беше пронајдена мртва во САД, каде полицијата интензивно трагаше по неа, откако изчезна, па ја пронајде во гроб, одекна уште една вест за мистериозна смрт на девојка од Србија која никој не знае од што починала.

24-годишната Србинка Драгана Шолаја починала пред неколку дена во болница во Флорида, а не се знае од што. Таа била најдена на улица како лежи без свест. 

Отишла преку програмата "Ворк енд травел", а нејзината цимерка се загрижила кога таа не си дошла дома. Се јавила во полиција, а потрагата вродила со плод. Драгана била најдена како лежи на улица без свест. Починала два часа подоцна, а докторите не можат да ја откријат причината.

Обдукцијата покажала дека не користела ниту алкохол, ниту дрога, иако полицијата се сомневала на тоа.

Случајот се истражува.

Коментари

Популарно