(ФОТО) Мел од Спајс грлс се дрогираше пред децата, сега се соблече и топлес пред минувачи

По бројните скандали околу разводот и тврдењата дека консумирала кокаин пред своите деца, познатата пејачка покажа дека оди понатаму и дека критиките од јавноста воопшто не ја допираат. Сега се соблече топлес, не грижејќи се за погледите на шокираните минувачи.

42-годишната Мел, некогашна членка на славната група “Spice Girls”, одлучи убавото време да го искористи на најдобар можен начин, па отиде на одмор во едно луксузно летувалиште во Калифорнија, и тоа со најдобриот пријател, Гери Мадатјан.

Мел инаку изјави дека ова е само втор пат во десет години да оди на одмор, па реши да го искористи до максимум. Исто така, изгледа дека не сака да се врати дома со белите линии од костимот за капење, па се соблече топлес.

Поради тоа никој од присутните не можел да го тргне погледот од нејзините гради, кои таа гордо ги откри. Сепак, повеќето биле шокирани од глетката, бидејќи, како што забележале, на неа се јасни трагите од времето.

Мел и натаму го привлекува вниманието на јавноста поради турбулентниот развод со сопругот Стивен Белафонте, со кој се бори за старателство. Се зборува и дека Мел подготвува биографија во која ќе изнесе интересни детали од судирот и својата верзија од приказната.

Коментари

Популарно