(ВИДЕО) Горила -мајка ги разнeжни сите: Погледнете што направи со своето штотуку родено бебе

Горилата Калаја од Националната зоолошка градина „Смитсонијан“ во Вашингтон, за прв пат во животот, стана мајка.

Шеснаесетгодишната мајмуница сама се породи, а во моментот кога за првпат го виде својото бебе прво го бакна, па потоа ја продолжи процедурата.

Малиот Мок е прватата горила родена во зоолошката градина Смитсонијан во изминатите девет години.

-Раѓањето на горила е многу важно, не само за нас во зоолошката градина, туку и за целиот свет, бидејќи овој вид мајмуни е во загрозените видови. Целта на нашиот тим е да и помогнеме на Калаја околу грижата за нејзиниот потомок, бидејќи ни е прва мајка. Ние нашето ќе го направиме секако, но во секој случај таа одлична мајка и ја има целата наша доверба, вели Мередит Бастиан која задолжена за чувањето на приматите.

Татко на малиот Мок е 11-годишниот мажјак Барак, пишува Дејли Мејл.

Коментари

Популарно