Убав сончев ден

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Од недела ќе има пораст на дневната температура. Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе бидат во благо покачување.

Коментари

Популарно