Дневен хороскоп

ОВЕН

Денес тешко ќе вклопите деловните со приватните обврски. Ако се обидувате да се насочите кон двете страни најверојатно ќе направите проблем на себе и на другите. Повеќе ви одговара со саканата личност сома да поминете мирен ден или да одите на посета кај блиски пријатели.

БИК

Сигурно е дека во претходните денови нешто што е поврзано со работата сте го заборавиле или сте направиле поголем пропуст. Сега ќе мора да го исправите тоа и под притисок да ја завршите ранотата. Блага нервоза во односот со саканата личност. Не претерувајте со некои изјави.

БЛИЗНАЦИ

Дефинитивно на вас ви одговара денес да земете слободен ден. Деловниот сегмент ќе се покаже како место за недоразбирање, судир, голем труд, а слаби резултати. Многу подобри случувања се врзани за емотивното поле бидејќи меѓу вас и патнерот ќе биде нагласена страста и интензивноста.

РАК

Ако некако можете одеднаш да се најдете на пет места, тоа ќе биде добро. Во суштина денот ќе ви биле исполнет со премногу случувања, што повремено ќе ви доаѓа да побегнете од се. Не дозволувајте ова темпо да ве извади од ритам и да доведе до некои тензични моменти со партнерот.

ЛАВ

Вие сакате да живеете мирно и овој ден да го поминете во опуштена атмосфера, но тоа нема да се случи. Ќе мора да брзате да завршите некои работи и цел ден ќе бидете под притисок. Ќе најдете време за емотивниот партнер или за дружење, излегување, но ќе бидете изморени.

ДЕВИЦА

Не сте сигурни како сте оспеале да го постигнете тоа што го сакате бидејќи немате повратна информација од личноста со која сте виле во контакт. Можеби премногу очекувате од тоа. Некои информации кој доаѓаат до вас, а се однесуваат на симпатијата, немора да бидат точни.

ВАГА

Мислите дека е крајно време да започнете некои ситуации во деловниот сегмент, но немојте да бидете изненадени ако не успеете во вашите намери денес. Лоши односи со претпоставените и авторитетите. Емоционалното расположение е на високо ниво и ќе уживате во секој момент со некој близок.

СКОРПИЈА

Сфаќате дека немате доволно време за да постигнете се што планиравте денес. Многу работи ве чекаат, ќе се обидете да го направите она што е во ваша моќ, но остатокот ќе мора да почека за подобар момент. Можно е недоразбирање во комуникацијата со саканата личност.

СТРЕЛЕЦ

Вие лично чувствувате дека сте направиле се од себе во однос на деловен договор или соработка, и не ви се допаѓа тоа што сеуште не добивате потврда од другата страна. Оставете ги нервозите за некоја друга прилика – денот е исполнет со поволни околности поврзани во полето на емоциите.

ЈАРЕЦ

Иако ќе се обидете да имате фер однос со колегите денес, малку е веројатно дека вистинската комуникација и договори ќе постојат меѓу вас. Бидете спремни да попуштите за некои прашања. Не мора секогаш да биде по ваше.

ВОДОЛИЈА

Можност да потрошите повеќе пари во текот на денот отколку што планиравте. Во лошо расположение сте и парите само ви бегаат од рака. Приберете се пред да ги потрошите се до последен денар. Некој со кого брзо сте се запознале се активира и ве кани на пијалок.

РИБИ

Се чини дека денес вие и вашите колеги или деловни соработници зборувате сосема различни јазици. Има многу недоразбирање, можности за грешки и конфузија. И во емотивниот сегмент – можно е вие и саканата личност да не се разбирате добро.

Коментари

Популарно