Крај на дискриминацијата на Албанците во Македонија или интервенција на САД?!

Ширлеи Клоис Диогуарди, експерт за балканските прашања од албанско-американската лига пред Конгресот во Конгресот на САД донесе факти за тоа како Албанците во Македонија, иако се во голем број како заедница, со околу 30 отсто од вкупното население, сепак, не уживаат целосни права, како што се користењето на јазикот и се третирани како граѓани од втор ред.

Со нагласување на неефикасноста на Дејтонскиот Договор, кој ја реши војната во Босна, но не успеа да го реши конфликтот на Балканот, Клоис Диогуарди го изрази ставот дека САД дефинитивно треба најпрво да се фокусираат на прашањето за Македонија, пренесува ИНА.

„Македонија е единствената земја во Западен Балкан каде ниту една етничка група нема вистинско мнозинство. Но, континуираниот неуспех за почитување на човековите и граѓанските права за сите овие етнички групи во Македонија, доведе до вооружениот конфликт во 2001 година. За да се стави крај на овој конфликт, Европската унија и САД влегоа во преговори со Македонците и Албанците, нешто што резултираше со Охридскиот Договор. Овој договор се претпоставуваше дека ќе донесе еднаква застапеност на сите национални групи во државната администрација, како и еднаква распределба на економските ресурси. 17 години подоцна, одредбите кои се занимаваат со правдата, зајакнување на владеењето на правото, армијата, разузнавачките служби, заедно со фискалната децентрализација останува да се спроведат”, рече Диогарди во нејзиното сведочење, како дел од панелот пред американските конгресмени.

Постигнувањето на етничката еднаквост во Македонија е доведена во прашање, албанскиот јазик е втор службен јазик

Објаснувајќи ја историјата на гласањета во Парламентот, и гласањето на законот за албански јазик и платформа на Албанците, таа продолжи со нејзиниот исказ каде што вели дека: „Уште еднаш, постигнување на етничка еднаквост во Македонија е доведена во прашање. Во јануари 2018 година, Собранието на Република Македонија по втор пат го донесе законот кој албанскиот јазик го прави втор службен јазик, според договорот постигнат меѓу партијата на премиерот Зоран Заев, СДСМ и албанските партии. Меѓутоа, македонскиот претседател Ѓорге Иванов стави вето и во двата случаи, тврдејќи дека усвојувањето на втор службен јазик е закана за суверенитетот на Македонија, единството и нејзиниот територијален интегритет. Уставот на Македонија го санкционира усвојувањето на законот со две третини од гласовите во Парламентот, нешто што сé уште не се случило. Второто најважно прашање на албанската платформа е децентрализацијата на фискалниот буџет. Ставање крај на дискриминацијата на Албанците, гарантирајќи им еднакви економски можности и можности за социјален раст во областите со мнозинско албанско население, ќе доведе до значително намалување на можноста за конфликт во иднина. Прашањето е дали САД и Европската унија ќе интервенираат за да се договори план за постигнување еднаквост меѓу Македонците и Албанците, пред Македонија да стане членка на НАТО. ”

Меморандум потпишан од албански интелектуалци во Македонија, во кој што двете главни точки се поврзани со промена на македонскиот Устав

По сослушувањето, поранешниот конгресмен Џое Диогарди, претседател на Албанско-американската граѓанска лига, ексклузивно за новинската агенција ИНА ја потенцираше важноста на оваа дискусија и пренасочување на вниманието од Босна кон албанското прашање, особено во Македонија.

„Во такви случаи, многу е важно Конгресот да биде информиран. Информациите се многу важни. Ширли беше единственaта која истакна дека Дејтонскиот договор не им дозволи на Албанците да бидат дел од преговарачката маса. Затоа што Милошевиќ му го постави како услов на преговарачот Ричард Холбрук. Така, во такви случаи, како што беше овој случај со оваа расправа за Босна, треба да ја искористиш ситуацијата. И јас всушност тоа и го направив. Кога слушнав дека ќе се одржи оваа седница му се јавив на организаторите, претседавачот на Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, конгресменот Дана Рорабачер за дел од дискусијата да бидат и Косово и Македонија “, рече Диогарди за ИНА.

Диогуарди на присутните им го претстави меморандумот потпишан од некои албански интелектуалци во Македонија, во кој што двете главни точки се поврзани со промена на македонскиот Устав, со што ќе се одразува новата реалност, еднаквоста меѓу Албанците и Македонците, како и прашањето за името за кое се доставуваат предлози за Република Скопје; Централна Балканската Република или Мултиетничка Република Македонија.

Коментари

Популарно