ВИДЕО: Пола Скопје вози пијано!

Министерството за внатрешни работи синоќа од 23 до 5 часот изутрина спроведе акциски контроли на подрачјето на СВР Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше дека вкупно се контролирани 1.234 возачи. „726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 252 прекршоци“, рече тој.

Ангеловски најви дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на Скопје. „Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата“, рече Ангеловски.

Коментари

Популарно