Крвава тепачка во кафеана во Скопје

Поради недоразбирање за девојка, настанала тепачка меѓу тројца скопјани, кои се удирале со флаши и чаши во ресторан на булеварот „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Во тепачката учествувале 20 годишно момче А.Д од едната и 25-годишниот В.П. и 26-годишниот Д.П. од другата страна, соопшти МВР.

На Д.М. и В.М. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им биле констатирани телесни повреди, додека кај А.Д. не биле забележани видливи повреди.

Коментари

Популарно