Левица: Дитекторот на ЈП Улици и патишта, сам си ја покачил платата на 1.700 евра!

На официјалната Фб страна на „Левица“ денеска беше објавена следнава информација:

По дојава од наш „свиркач“ во ЈП Улици и патишта, обзнануваме дека тамошниот ДИРЕКТОР, поставен од новата власт на Град Скопје - господинот Senad Senko Smailovic си ја качил сопствената плата од 1.000 ЕУР (колку што заработувал неговиот претходник), на над 1.700 ЕУР!!!

Па така, овој млад и амбициозен социјалдемократ, сега заработува повеќе дури и од Премиерот  ;) [види слика]

Ги замолуваме сите независни и истражувачки новинари, во име на јавниот интерес, да го испитаат овој случај на уште едно недомаќинско работење на новите јавни функционери поставени од СДСМ, а платени со народни пари.

Истовремено, го повикуваме градоначалникот на Град Скопје - Петре Шилегов, по службена должност, итно да го разреши овој аздисан директор!

#НеБилеСамоПратениците

#Срамота

 — with Senad Senko Smailovic.

Коментари

Популарно