(ФОТО) Лекарите ја советувале да абортира поради деформитетот на лицето на детето…

Малиот Броди е роден со деформитет, а докторите на родителите им препорачале да ја прекинат бременоста.

Кога чекаат дете, најголемиот страв на родителите е дека нешто нема да биде во ред. Токму со тој проблем се соочувале Сара Хелер и Крис Ејдам, кога во 24. седмица од бременоста, на ултразвук виделе како ќе изгледа нивното дете, синот кој го нарекле Броди.

Лекарите дури и ја советувале мајката да абортира, бидејќи на снимката од ултразвукот јасно се видело дека малиот ќе биде роден со процеп на устата и непцата, поради што ќе има бројни други здравствени проблеми.

Но, младите родители од Омаха во американската држава Небраска одлучиле да го задржат детето и покрај лошите прогнози и потешкотиите со кои ќе се сретнат.

За нивниот син да биде прифатен во општеството, со гордост објавувале негови фотографии на социјалните мрежи, а целта им била да ја кренат свеста за децата родени со вакви деформации на лицето. Набрзо луѓето почнале да сфаќаат за што станува збор, па многумина почнале да праќаат пари на сметките на родителите, за да им помогнат во лечењето на малиот Броди.

Детето по неколку месеци направило операција на лицето, и денес изгледа сосема нормално, а лузните се одвај видливи.

“Ова искуство ни покажа колку е силна заедницата на луѓе со процеп на уста или непце. Ни се јавуваа луѓе од целата држава, ни праќаа пари и ни ја нудеа својата помош”, рекла мајката Сара.

Коментари

Популарно