“Славете си роденден во кафеана, зошто да се мачиш дома со спремање, со луѓе и со чистење”

Ние сме народ кој си наоѓа причини за славење, но родендените никогаш  не ги испуштаме, осбено ако станува збор за роденден на нашите најмили.

Неодамна Викторија го прослави првиот роденден на својата ќерка. Роденденска забава, поразлична од денешните, но многу слична на оние од минатото.

Во домашни услови, со најблсики, со скромна забава, смеа и дружење.

-“Зошто ќе славите дома роденден, зошто не славите во кафеана, дома само ќе се мачиш со спремање”, вака ми кажа една пријателка, кога и се јавив да ја поканам на роденденот на ќерка ми. “Нема да ви излезе поскапо, а плус нема да се малтерирате дома со спрмање, со луѓе и со чистење”...

Сакам дома, во домашна атмосфера. Сакам да ја почувствувам вистинската магија на роденденот. Онаа магија од порано, кога ние славевме, и одговорив.

Спремањето за роденденот ни најмалку не го гледав како малтерирање. Дури, самата си ја направив роденденската торта, ја украсив, изгледаше можеби поубава и да сум ја купила од слаткарница, а за вкус да не зборувам, домашно си е домашно. За сервирање, не викав никој, можам сама. Ниту еднаш не се пожалив дека ми е напорно. Се радував, ама вистински.

-“Ама ние не добивме покана за роденденот”, ми рече друга пријателка. Немаме покани, и реков, се јавуваме по телефон.

Роденденот помина одлично. Забавата траеше цела ноќ, а не до 12, додека работат кафеани.

Беше вистински роденден. Домот беше исполнет со забава, со смеење, со дружење, со позитивна атмосфера, со роденденска магија.

И не, не се проблем парите. Работиме и јас и сопругот. Можеби не земаме многу, но доволно за убава живеачка. Сакавме нешто вистинско. Нешто оригинално. А домашните забави се вистински и оригинални.

Во никој случај не сум против славење прв роденден во кафеана, но јас се одлучив така. Не се покајав ниту во еден момент. Малтертирањето не се важи, кога се завртиш и кога ќе сфатиш дека се поминало прекрасно.

Коментари

Популарно