Танушевци повторно под опсада од Хоџа?!

Минатата недела пишував дека на Вла(д)ата на СДСМ не им треба ПР тим, односно СПИН тактика, бидејќи самите си се спин. Од огромниот број на глупости човек не може да се фокусира на една, па глупостите стануваат нормален начин на „функционирање“ на Заев и другарчињата.

Од кога пишувам текстови во вид на колумни, поминаа веќе 4 години. Секоја година во Мај пишувам една за Евросонг, но оваа година нема простор. Не може човек да начека вакум од некоја дебилна постапка на револуционериве. Не дека ми се пишува за нашето преставување пред музичка Европа, всушност целиот тој ивент го хејтам по секој основ, ама да прошарав малку. Искрено, не ни гледав Евровизија, ниту ми беше нешо драма како е облечена нашата преставничка. А како да ми биде, кога во тие моменти Зоки си вработи терорист за советник за безбедност во Влада?

Ликов уште од старт си кажа зошто премиерот го ангажирал: „Се договоривме да го ослободам Танушевци, а Заев да ме вработи во Влада. Па морам и јас од нешто да живеам“! Врв! Штета што не објасни од кого тоа го ослободил Танушевци. Од себе ли? Потерористичка изјава од ова тешко! Но, не е Хоџа било кој, па ако малку се раскопа по неговите ТВ изјави од минатото, има и такви изјави. На пример онаа по „Диво насеље“ кога несудениов советник на Зоки изјавува дека е горд на терористите, бидејќи храбро се бореле и успеале да убијат 8 припадници на Тигрите! Денеска се појави уште една видео изјава, во која ликов на Албанците им порачува дека имаат само две опции. Војна со Македонците или припојување со Албанија! Но, не, ова не беше доволно Заев да ја повлече поканата за советничко место на терористов, па Хоџа мораше сам да ја одбие функцијата. Ок, пак се изглупира, ама од лик ко него што друго да очекувате? Командантот му рекол на премиерот дека ја одбива работата поради реакциите на јавноста и дека си ја сака државата! Која држава?!!!! Албанија ли? Косово? Остана нејасно и тоа дали Хоџа сега пак ќе го заземе Танушевци, бидејќи човекот како што кажа, има фамилија да рани.

Заев, од друга страна, мртов ладен изјави дека Хоџа ја одбил поканата за советничка функција и толку! Чекај бе Зоки. Па нели Хоџа беше многу важен затоа што го знаел теренот околу Танушевци? Што правиме утре ако треба да се берат печурки во регионот? Кој ќе оди? Еве, ако не знаеш, прашај накој од останатите 56 советници. Ваљда ќе знаат нешто на темава.

Него, не ме чуди мене Зоки или некој планински фраер ко Хоџа. Првиов ми стана јасен уште кога кажа дека Бог го црпнал. Се по таа изјава е само потврда за неговиот капацитет како месија од филм на Монти Пајтон. Команаднтов пак е лик што освен пушка и екстремен национализам никогаш и не знаел, ниту ќе знае друго. Такви ликови си има во секоја гора, само што баш овој облече одело и за малку ќе се вселеше во Влада. Она, што мене ме чуди е што сеуште има ликови, кои за себе велат дека и припаѓаат на интелигенцијата во македоснкото општество, а се обидоа да го оправдаат потегот на премирот. Замислете, терористов сфати дека потегот е дебилен, ама овие „стручњациве“, „аналитичариве“, „колумнистиве“ ... не сфатија. За нив баш било фино да се има терорист во Влада, а ако утре дојде до немири, да се искористи неговото знаење! Пошто, нели, ако Хоџа е во влада и утре пукне, он одма ќе застане на страна на Тигрите на кои им се сити за смртта на нивните колеги! Ќе земе пушка и ќе тргне во битка со неговите другари од гората! Или можеби, онака хипотетички, ќе им издава тајни на терористите и сепаратисти? Вас што ви звучи пореално?

Ете од толку глупости на Зеавистиве, немам простор да пишам нешто за сестра и на Катица Јанева, ниту за исечените дрва во Карпош, за зградата во Козле што му се всели во двор на еден скопјанец, за преговорите за името... итн итн.  Јас немам простор, но еден ден сето ова ќе биде запишано во учебниците од кои ќе учат следните генерации. Ќе учат за црпнатиот и терористот, за специјалната и сестра и фризерка, за Петре и зелено Скопје... Ќе учат за Македонија во епизода од Монти Пајтон и „шарените револуционери“ кои станаа советници. Секако, за тоа да се случи, најпрво мора да паднат од власт, а на нивно место да дојдат вистински лидери. Ова со паѓањево е лесно, веќе предвидливо и тоа во скоро време. Вториот дел ме плаши. 27 години немаме ниту еден политичар вреден да се издвои, а под итно ни треба лидер. Ако не го произведеме набрзо, се ќе биде залудно!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно