Скопјанка два пати измамена од ист човек: И земал пари за лек за канцер, па уште 1 000 евра за да и ја регулира …

Скопјанка пријавила во полиција дека била измамена од сограѓанин кој ѝ продал лек за рак за кој се сомнева дека е со сомнително потекло. Исто така, тој ја убедил да му даде пари за да ѝ го реши статусот со пензијата.

Според информациите на МВР, вчера во 9:45 часот во полициската станица Карпош, В.Г.(58) од Скопје пријавила дека во мај минатата година во два наврати била измамена од лицето К.Ј. од Скопје, при што била оштетена за сума од 86 000 денари.

Првата измама ја сторил за набавка на лек за лекување канцер. К.Ј. од пријавителката побарал и зел 400 евра за лекот. Тој го набавил лекот, но пријавителката се сомнева дека лекот бил со сомнително потекло. По тоа, К.Ј. во разговор со оштетената дознал дека не ѝ решен статусот за пензија и ја убедил да му даде 1 000 евра за да може во најкраток рок да ѝ го реши проблемот.

Од тогаш па до денес пријавителката неколку пати стапила во контакт со К.Ј. и тој ѝ кажал дека требало да помине одреден временски период за целосно завршување на работата и други разни изговори дека бил многу зафатен, по што заклучила дека е измамена.

Коментари

Популарно