(ФОТО) Модерно и префинето со еден специфичен детал: Вака изгледа домот на Сања Николиќ и Слаткар

За сите нас важи онаа добро познатата, „домот е онаму каде што ти е срцето“, а за познатата брачна двојка Слаткар и Сања Николиќ, тоа секако е нивното семејно љубовно гнездо.

За разлика од својот сопруг, Сања не толку е активна на социјалните мрежи, но понекогаш за своите следбеници на социјалната мрежа Инстаргам, знае да покаже некој детаљ од приватноста.

Овој пат таа делумно го покажа домот каде живеат со Марко, односно намерата и беше да покаже како нивното милениче, мачката, има привилегија да ужива на софата во дневниот простор.

Па така, освен мачката, може да се погледне и како изгледа нивниот приватен рај.

Голем салон, модерни детали и доста специфичен ѕид кој го привлекува вниманието поради старите тули кои даваат особен шмек.

Очигледно Сања и Слаткар преферираат минимализам во спој со модерното, но и винтиџ деталите кои прават нивниот дом да изгледа совршено – како од списание.

Коментари

Популарно