(ВИДЕО) Путин со Камаз го отвори новиот мост што ја поврзува Русија со Крим, ЕУ реагира

Рускиот претседател Владимир Путин денеска возејќи камион ја предводеше колоната на свеченото отворање на Кримскиот мост, кој ја поврзува Русија со Кримскиот полуостров, пренесуваат руските медиуми.

Русија, на тој начин, го доби најдолгиот мост во Европа, а Путин лично возеше камион по него во рамките на церемонијата на свеченото отворање.

Зад него имаше голема колона на возила, а сите тие повремено се огласуваа со сирена.

Путин со камионот пристигна на Кримската страна на мостот, каде претседателот им се заблагодари на сите луѓе кои учествуваа во реализација на овој проект, од специјалисти за подводен експлозив, кои го исчистија морското дно од бомби од Втората светска војна, преку археолози, па се до бројните градежни работници кои го изградија мостот.

„На ова градилиште работеа 10.000 луѓе, а некогаш ги имаше и по 15.000. Речиси 200 компании учествуваа во изградбата, а целата држава работеше на мостот. Резултатот е прекрасен. Мостот не доближи до Крим“, изјави Путин.

Мостот има два дела, еден за автомобилски сообраќај, кој е завршен, како и друг за возови, кој ќе биде комплетиран следната година.

За изградба на овој мост се зборуваше уште кон крајот на 19 век, а со градење на мостот почна дури и нацистичка Германија, но проектот беше стопиран.

Советскиот сојуз исто така се обиде да го изгради мостот, но проблем претставуваше морското дно, односно ладната зима.

Русија и Украина во поново време се обидоа да договорат заеднички проект, односно мост со модерна технологија, но до договор не дојде.

Работите се променија после руската анексија на Крим, проектот започна во 2015 година, а конкретното градење на мостот започна една година подоцна.

Коментари

Популарно