Увијач полнет со мелено месо и златна мешавина

Подготовка

- Сварете одредена количина од златната мешавина, ставете во цедалка да се цеди.

- Пилешкиот стек се истенчува, сосема малку се зачинува со сол, се премачкува со сенф измешан со малку масло, оставете да стои додека го приготвувате месото.

- Измешајте го месото со јајцето и зачинките. Во него додадете го мешаниот зеленчук, исецканата кисела краставичка и ситно сецканиот кашкавал. На фолија поставете ги тенко исечените парчиња сланина сосема малку преклопувајки ги, поставете го истенчениот стек, премачкајте од приготвената смеса од мелено месо, замотајте го, ставете на алу-фолија, добро запакувајте. Се така додека имате од месото и пилешкиот стек.

- Запакуваните стекови ставете ги во длабока тавка, залијте со вода до 2/3 и оставете во загреана рерна на 200 степени да се варат околу 40 мин. Потоа извадете ги, отворете ја фолијата и вратетете ги во рерната да се допекуваат додека да заруменат. Одличен прилог за ручек и мезе.

Напомена

- Нема точни мерки, целото тоа е скоро речи од око. Сами одредувате од што ќе ставите повеќе. Јас користев златна мешавина конзервирана (пченка, пиперка и грашок) додадов кисела краставичка. Направив три увијача од 250 гр. мелено месо, остатокот се по вкус.

Коментари

Популарно