(ВИДЕО) Свиња ја нападна израелската водителка Хофит Голан

Познатата водителка и продуцентка од Израел, Хофит Голан, се нашла во незгодна ситуација додека престојувала на Бахамите. Хофит додека била во морето во раката држела виршла со која се обидела да ја нахрани свињата.

Виршлата ѝ паднала во вода, а таа безуспешно се обидела да ја земе. Голан помислила дека ќе биде нападната откако свињата почнала да плива кон неа.

Свињите се вистинска туристичка атракција на Биг Мејџор Кеј, познат и како Островот на Свињите. Во еден дел на Бахамите овие животни живеат веќе неколку векови.

Тамошните свињи се одлични пливачи, а туристите често доаѓаат да ги посетат.

Според некои верувања и приказни кои  се раскажуваат со децении, морнарите ги оставиле свињите во Биг Мејџор Кеј за да им служат како храна откако ќе се вратат од своите патувања, додека други сметаат дека животните се нашле на овој остров по преживеаните бродоломи.

Коментари

Популарно