Јас земав кредит за доградување куќа, син ми денеска зема кредит за славење на матура

Дека времињата се различни и дека се менуваат покажуваат многу работи. На некои луѓе приоритет им е да изградат дом, па затоа и се спремни да земат кредит, но некои приоритетот го ставаат во славњето на матурите, пишува Скопјеинфо. Дедо Живко од Скопје, е возрасен пензионер, кој свесно ја размислува сутуацијата поврзана со славењето на матурите.

– Пред многу години, кога јас бев млад, кога моите деца беа мали, јас се осудив да земам кредит за доградување на мојот дом. Бев свесен дека имам двајца синови, а мојата куќа дека е мала. Не направив ништо посебно, туку само по две соби да има за секој. Кредитот го враќав со години, но куќата ми остана.

– Еве што се случува денеска. Мојот син е веќе возрасен, и тој се уште живее во две соби, јас што ги направив. Тој не размислува да доградува, иако има дома две машки деца. Тој не размислува за дом, тој размислува за славење на матура. Земаа кредит за една вечер. Ќе поканат 70 луѓе, ќе се слави во ресторан… Ете денеска на што се дава приоритет. Јас не сум против славење на било што, но порано важеше една изрека, испружи си ги нозете, колку ти е долга чергата. Јас не им се спротиставувам во одлуката, но си кажувам дека е погрешна, вели дедо Живко.

Коментари

Популарно