Тони Михајловски со емотивна порака се збогува од својот пријател

Актерот Тони Михајлоски со Фејсбук статус се прости од скопската легенда Зеко, кој почина вчера.

„Беше тоа 91/92 мислам. Тројца менаџери го зедоа да го “работат” диското Силекс. Најпознатите и најдобрите менаџери у тој момент у Скопје. Јас бев келнер. Една вечер при раздужуење газдата на дискотеката приметува дека има, кај еден од менаџерите,расход 4 штеки Марлборо.

-Како бе друже расход 4 штеки?

– Како? Не примети дека едната машина за дим не работи?

-Приметив.

-А дим имаше?

-Имаше.

-Епа јас и кумановецов цела вечер со по четири цигари у уста правиме дим за добра атмосфера, ебате тоа кратовскиот сељак.

Почивај во мир и знам дека ќе има смеа таму на небото Зеко“, напиша актерот на својот Фејсбук профил.

Коментари

Популарно