ВИДЕО: Ова е убиецот кој денес уби 10 луѓе во средно училиште во Тексас

Убиецот од Санта Феа, кој денеска во пукање на училиште убил 10 лица и повеќе од нив ги ранил е идентификуван као 17-годишниот Димитрос Пагорци, соопштија надлежните од Тексас.

Шефото на одделението училишни полицајци Волтер Браун потврдил дека во околината на училиштето буле пронајдени повеќе експлозивни направи од домашно производство како што се молотови коктели, „пеколни машини3 и „рачни бомби“.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот потврдил дека во нападот се користени два вида оружје, сачмар и револвер калибар 38, кои Димитрос нелегално ги поседувал. Тој додал дека Димитрос имал намера да се самоубие, но во текот на нападот се предомислил.

На неговите профили на друштвените мрежи се гледа дека е опседнат со оружје, бидејќи објавувал фотографии од различно огнено оружје. Исто така на една од фотографиите носи маица на која пишува „Роден да убива“.

Пагурцис играл за училишниот фудбаклски тим, а бил челн и на фолклорната група при локалната грчка православна црква. 

Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, претходно јави дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно, вооружен со сачмарка со скратена цевка.

Неколумина ученици за локалните медиуми изјавија дека пукотниците започнале откако во училиштето се вклучил алармот за пожар, но засега не е познато кој го активирал. 

- Некој влезе со сачмарка и почна да пука, изјави една ученичка која во време на нападот била на час по уметност. Таа додаде дека видела една убиена девојка, која била погодена во ногата. 

Инциднетот се случил набрзо по почетокот на наставата во училиштето. 

Гонзалес информира и дека околу училиштето биле пронајдени сомнителни направи, за кои се претпоставува дека се експлозиавни. Во тек е операција на специјалните полициски тимови за нивно отстранување. 

Нема информации колку направи се пронајдени, а полицијата апелираше до граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни предмети. 

Мотивите за нападот засега не се познати.

Коментирајќи го нападот, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека тој е „апсолутно ужасен“.

- Мојата Администрација е решена да стори се што е во нејзина моќ за да ги заштитиме нашите ученици, да ги обезбедиме нашите училишта и да го држиме оружјето подалеку од рацете на оние кои претставуваат закана за себе и за другите, нагласи Трамп.

Ова е втор најсмртоносен напад во училиште во САД годинава, по оној во февруари во сојузната држава Флорида, кога загинаа 17 лица. 

Коментари

Популарно