ВИДЕО: Градоначалникот на Солун нападнат од разбеснета толпа

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис денеска беше нападнат од толпа луѓе за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Тој првично бил исвиркан и навредуван заради некои негови ставови за Турција(!?), но и кон Пондите, и му било препорачувано да го напушти настанот, јавуваат грчки медиуми.

Во почеток Бутарис не реагирал додека некои од насобраната маса не почнале директно да му се закануваат,  а некои не се двоумеа и да го нападнат…

Конечно, придружниците на градоначалникот го извлекоа од од местото за да го заштитат од разбеснетата толпа.

Коментари

Популарно