Јазикот или народот: Што им ветил Заев на Грците?

Два дена Македонија живее во лудило како резултат на преговорите за промена на името со нашиот јужен сосед. „Република Илинденска Македонија“ прифатено од премиерот Заев и врвот на владејачката гарнитура и никој друг, па дури ни од Грција. Два дена сите медиуми и социјалните мрежи пишуваат само за тоа. Напразно сите намерни и ненамерни спинови, кога е името во прашање, нема спин што може да го засени.

Како и секогаш, при секоја гарнитура на власт во Македонија, постои дел од народот што ќе подржи СЕ што тие подржуваат. Така и во овие два дена имаме ликови кои наеднаш почнаа да се крстат во Илинден и новото прекрасно име. Извадија на социјалните мрежи комитски фокти од нивните предци со кои се поистоветуваат, во обид да го престават предлогот прифатен од Заев како победа. Но, победа нема. Всушност, „Илинденска“ не е предлог со кој требаше да се реши спорот, туку да се постигне некаков напредок. Кога во преговори има напредок, тој секогаш е на штета на едната страна. Мене лично грчката не ме интересира, па ќе пишувам само за штетата што ние ја претрпевме со прифаќањето од страна на Заев и лидерите на СДСМ.

Дека „Илинденска“ е далеку од прифатлива опција, посебно за Грција е повеќе од јасно. Се што треба да направите за да го сфатите тоа е да ја погледнете картата на Илинденското Востание и се ќе ви биде јасно. Востанието што требало да го ослободи македоснкиот народ било распространето на многу поголема територија од оваа што денеска и припаѓа на нашата татковина. Да не должам многу, погледнете ја картата сами.

Токму затоа, Бугарија веднаш го прифати како можно решение. Знаејќи дека нема да биде прифатено, Бугарија го искористи моментот да ја изрекламира својата верзија на историјата и воедно одглуми одличен сосед. Ако имаше барем најмала шанса си „Илинденска“ да се реши спорот меѓу Македонија и Грција, Бугарите во моемнтиве ќе вриштеа со закани за ВЕТО секаде каде можат.

Кога веќе е јасно дека „Илинденска Македонија“ не беше опција за крајно решение, што беше целта на овој предлог?

Македонија да покаже подотвенсот за компромис. Нешто што го слушаме толку години, а сме го докаже безброј пати. Од знаме и устав во 90тите, па еве сега до повторно менување на уставот и прифаќање на ново име. Кога толку пати сте направиле компромис, всушност и не станува збор за преговори, туку за  иполнување на секоја желба на соседот.

Премиерот на Македонија прифати „Ерга омнес“, односно име за севкупна употреба и промена на Устав. Заев, кој само пред 3 месеци изјавуваше дека е неприфатливо да менуваме Устав, сега овој пакет ни го преставува како победа.Не дека ваквото однесување на премиерот е ново и за мене чудно, но вреди да се спомене.

„Илинденска“ требаше да ги шармира симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ. Иако, опозициската партија во моментиве речиси и да не постои, на сите им е јасно дека на последните парламентарни избори во Македонија во македонското гласачко тело убедливо најмногу гласови освои токму ДПМНЕ. Мицкоски застана на ставот на партијата дека Ерга Омнес не е прифатлива опција, но ниту тој, ниту претседателот Иванов не го искоментираа „Илинденска Македонија“ како можно решение. Немаа коментар. Со тоа оставија простор нивното членство и симпатизери сами да оценат дали Илинденска е всушност она за што цел живот сонувале.

Да го зголеми притисокот врз Грција по одбивањето на овој предлог.

Уште еднаш да го подели народот во Македонија. Предавници и патриоти, либерали и националисти, демократи и конзервативци.... Поделби многу, а толку малку народ.

Предлогот, падна. Падна во Македонија, падна и во Грција, а ако беше сериозен ќе паднеше и во Бугарија. Колку беше несериозен кажува и тоа дека Турција воопшто не се вознемири. Никаква реакција од наследниците на Османлиската империја, кои и ден денеска како малцинство живеат во Македонија. Сепак, го постигна резултатот што „процесот“ го имаше во план. Ерга Омнес веќе не е тема на преговарање. Грција тоа веќе го има. Кое и да биде крајното решение, сега е јасно дека ќе бида за севкупна употреба. Прашањето што сега треба да не мачи е, ако Грција го доби Ерга омнес, кое ќе биде следното нејзино барање на преговорите, кое Заев во знак на компромис ќе го прифати? Дали се на ред името на народот и јазикот? Друго веќе и немаме шато да и дадеме на Грција. Од историјата пред Илинден секако се простивме, што е следно???!!!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно