ФОТО: Ова е момчето кое беше убиено до школо

23-годишниот Жељко Пантелиќ е убиен во Белград до Основно училиште, поради девојка.

Српскиот Блиц дознава дека за убиството е осомничен 21-годишниот Марко С. а приведено е уште едно момче кое присуствувало на злочинот и не го пријавило.

Момчињата се скарале за девојка со која двајцата биле заедно, а девојката поради која настанала драмата се обидела да се самоубие со скок од втори спрат. Скршени и се нозете, но не е во животно загрижувачка состојба.

Коментари

Популарно