ВИДЕО: Ова е македонската „Шушана“

Пред една недела,фолк пеачот Влатко Алексовски сними спот на песната СУЗАНА,во продукција на IN Produkcija Australija.

Спотот се снимаше во Маврово,а специјална гостинка на спотот е поранешната мисица на Македонија 2013,познатиот модел Тина Спасеноска.

Инаку песната Сузана е верзија на големиот хит Шушана,која е стара Еврејска песна,а сега и во Македонска верзија како СУЗАНА.

Новиот спот на Влатко е вистински летен хит,а на тоа укажува големата посетеност на социјалните мрежи за многу кратко време,а песната е на топ листи на многу радиа. Влатко најавува нов албум до крајот на месец август,веќе се снимени 4 песни,главен продуцент е Професор Игор Трајковски од Куманово,во чие студио ,,ТРИМЕЈ" и се снима новиот албум на Влатко. До крајот на месец мај,ќе биде снимен уште еден спот,но за овој проект Влатко несакаше да открива детали,бидејки како што кажа,сака пријатно да ја изненади публиката.

Коментари

Популарно