(ФОТО) Фановите мислеле дека празното место е за Лејди Ди…

„Не можам да верувам колку е убав овој гест. Ова навистина ме расплака“ коментирале обожавателите кога забележале дека покрај членовите на кралското семејство има празно место.Сепак, се’ е предвидено со протокол…

Во капелата Свети Џорџ во кој принцот Хари (33) и бившата глумица Меган Маркле (36) вчера се венчаа а еден детал на сите им „запнал во око“.

Празното место во првиот ред на церемонијата предизвикал лавина од коментари, а некои портали објавиле дека празното место е оставено како знак на почест на починатата лејди Дијана.

Откако Меган дошла до Хари кој ја чекал пред олтарот, камерите ги снимиле принцот Чарлс, Камила и Кејт како ги гледаат, а покрај местото за седење на принцот Вилијам, кое се наоѓало пред кралицата, се нашло празно место.

„Не можам да верувам колку е убав овој гест. Ја обожував принцезата Дијана. Ова навистина ме расплака“, се некои од коментарите на верните обожаватели кои се убедени дека празното емсто е оставено за лејди Ди.

Имено, репортерката на Daily Mail, Ребека Инглиш, на својот Твитер профил на следбениците им објаснила поради што едно место било слободно.

„Видов дека некои портали објавуваат дека местото покрај принцот Вилијам е оставено празно во чест на лејди Дијна. Инфорацијата не е точна. Местото покрај кралицата мора да биде празно“, напишала Ребека на социјалната мрежа.

Коментари

Популарно