(ВИДЕО) За само пет минути авион во лет падна на 500 метри височина

Меѓу патниците во авионот, кој летал од Турција до Русија, се создала паника кога, за само пет минути, авионот пропаднал од висина од 9.997 метри на околу 500 метри, по што ненадејно дошло до пад на притисокот во кабината.

Според непотврдени информации, дошло до дефект на моторот на леталото.

Луѓето викале и плачеле, а во авионот ербас 321 на нискобуџетната компанија Онур ер, со седиште во Истанбул, имало 226 патници и осум членови на екипажот.

На видео снимката, која ја направиле патниците откако авионот вонредно слетал на аеродром во Волгоград, на југот на Русија, се гледа како од плафонот на авионот висат маски со кислород.

Турскиот авион летнал од Анталија кон Чељабинск, град кој се наоѓа источно од планината Урал.

Турскиот весник Хуриет дејли њуз јавува дека авионот вонредно слетал во Волгоград, но истакнува дека не е прецизирано од кои причини. Аеродромот во Волгоград потврди дека имало вонредно слетување, и дека друг авион бил испратен да ги собере патниците.

Коментари

Популарно