Раат од комшии на 40 метри висина: Спокојна изолација на „Столбот на животот“

Природниот варовнички монолит Качи, познат и како „Столбот на животот“ се наоѓа во грузиското село Качи, на запад во Грузија.

Висок е околу 40 метри, а на неговиот врв се наоѓаат остатоци од црквата Свети Максим Исповедник, која потекнува од 9 или 10 век.

Целиот простор на врвот на карпата, кој опфаќа и вински подрум и остатоци од некогашното уредување на црквата, зазема само 150 метри квадратни, а во однос на тоа дека не постои лифт, до него можете да се искачите само со помош на рацете, нозете и малку среќа.

Поради тоа, не е ниту чудно што објектите кои се наоѓаат на самиот врв долго време беа сосема запуштени.

Првото забележано качување на овој врв се случи во 1944 година, кога двајца планинари на врвот пронајдоа тело на претходен жител.

Се претпоставува дека ова било место било наменето за молитва, односно дека го користеле лица кои сакаат да се одделат од остатокот од светот.

Поинтензивни истражувања се спроведени во периодот помеѓу 1999 и 2009 година, кога обејктите беа обновени со помош на Националната агенција за зачувување на културно богатство во Грузија.

Моменталниот жител на ова место има 62 години. Станува збор за свештеникот Максим Кавтарџе, кој креираше импровизирани скалила по кои два пати неделно се спушта и качува по „Столбот на животот“.

Коментари

Популарно