Мартин Вучиќ спрема свадба!

Мартин Вучиќ на 9 јуни ќе се жени со својата долгогодишна девојка Сања. Блиски пријатели на Мартин раскажаа дека свадбата се подготвува од поодамна. Велат дека се поканети блиски пријатели на двете семејства, но и луѓе од јавниот живот кои се пријатели на Мартин и на неговиот татко Драган Вучиќ. Свадбата ќе се одржи во „Камник“.

Мартин никогаш не зборувал јавно за приватниот живот и за своите девојки. Сања долго време ја криеше од јавноста, а медиумите првпат пишуваа дека Мартин и Сања се заедно скоро една година откако ја почнаа врската. Двојката е заедно од 2014 година. Тие веќе подолго време живеат заедно.

Мартин Вучиќ  не сака да се зборува за неговиот приватен живот оти од 2008 година не е на музичката сцена.

Тој беше еден од најпопуларните пајачи кај нас на почетокот на 2000те години кога македонската музиката доживеа најголема експанзија. Во 2005 година Мартин ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната Make My Day.

Коментари

Популарно