Кажете си ги овие зборови кога ќе бидете под стрес: Веднаш ќе се опуштите!

Наједноставните и воедно најделотворните методи на медитација се оние кои можеме да ги практикуваме каде било и кога било. Шери Мелвани, клиничка психотерапевтка и голема љубителка на јога и медитација, смислила една медитациска техника која може да ја пробате кога ќе бидете под стрес, кога сте напнати или фрустрирани.

Обрнете внимание на вашето дишење. Концентрирајте се на стомакот, дозволете му да се опушти и да стане мек додека го продлабочувате дишењето.

Зборувајте си во себе: „Со секое вдишување се смирувам. Со секое издишување се смеам“. Повторувајте го ова како мантра, колку што ќе ви биде потребно, сè додека не почувствувате промена во себе.

Ќе забележите дека краевите на усните почнуваат да ви се движат нагоре. Ќе забележите дека дишењето ви се изедначува и продлабочува. Оваа суптилна насмевка ќе ве опушти и ќе им порача на телото и умот дека сè ќе биде во ред.

Коментари

Популарно