(ВИДЕО) Неурохирурзи го открија трикот кој го изведе Мајкл Џексон во неговиот спот

Мајкл Џексон кралот на попот, беше музичар кој целиот свет го следеше секој негов танцерски чекор. Мајкл беше вешт играч и во повеќето свои спотови учествувал во кореографијата. Во низата на мистерии коои го следеле, особено неразјаснета била онаа која се однесувала на неговото познато движење во спотот „Smooth Criminal“.

Магнети во чевлите, коноп со кој се продржувал, се само некои од можните објаснувања.

Но, неурохирурзите сега детално објасниле како можел да го направи невозможното и да го изведе движењето кое е биомеханичко невозможно.

Во спотот од 1987 година, за песната „Smooth Criminal“, Џексон се наведнува под агол од 45 степени, а цело време го одржува своето тело рамно.

Илузијата која многумина се обиделе да ја повторат, најчесто неуспешно, Џексон ја извел благодарение на специјалните чевли и неговата сила. Експертите ги предупредуваат другите да не се обидуваат да го изведат ова дома, за да случајно не се повредат.

„Повеќето истренирани танчери кои се силни особено во средниот дел на телото можат да се наведнат максимално од 20 до 30 степени кон напред. Мајкл тоа успеал да го направи под агол од 45 степени и на тој начин да изведе нешто неверојатно“, изјавил Мањул Трипати, кој соработувал со колегите од Институтот за медицинска едукација и истражување во Индија и работел на овој случај, пренесува Би-Би-Си.

За да некој се обиде да изведе вакво движење, би приметил дека за време на таквата положба не е потребна сила, која ги оптеретува грбните мускули, туку претставува оптеретување за Ахиловата тетива. Со тоа наведнувањето е лимитирано.

Обликот на V, кое се наоѓал на секоја пета на дното на неговите чевли, имале посебен дел кој го држеле цврсто на земјата додека тој се наведнувал напред и на тој начин и пркосел на гравитацијата.

Пред да ја изведе ваквата точка, морале да му врзат јаже и појас околу неговата половина.

Идејата Џексон ја добил од американски астронаути, поточно од нивните чизми, кои можат да се прицврстат на фиксирана линија додека работат во просторот без гравитација.

Но и покрај посебната облека и со помош на членовите на својот тим, ова движење сепак е тешко да се изведе и бара посебно активирање на мускулите на карлицата и екстремитетите, велат експертите.

„Неколку негови фанови, вклучувајќи ги и авторите, се обиделе да го копираат овој потег, но не успеале, а често и се повредувале. Шансите за повреда на зглобовите се сериозни. Потребна ви е добра сила на стомачните мускули и потпора на зглобовите. Тоа не било лесен трик“, велат експертите.

Коментари

Популарно