ПЕКОЛ: Сакал да најде совршено место за да ја запроси, а потоа доживеале вистински пекол и завршиле во болница

Момче и девојка од Флорида биле на патување од соништата во Мексико, каде сакале да се венчат, но доживеале хорор.

Френк и Џенифер Масабки барале идеално место каде ќе се венчаат, но наместо романтика, биле нападнати, ограбени под закана со оружје и серионо претепани. Џенифер за малку ќе била силувана и заработила скршен нос, поради што понеколку дена завршила на операција. Откако успеале да побегбнат, отишле целите крвави во полициска станица во Мексико Сити.

Нападот почнал во такси , кога се качиле да се повозат низ градот за да најдат место за венчавка. По извесно време, во возилото влегле двајца вооружени, ги ограбиле и ги натерале да им дадат контакт во САД, за да се јават и да добијат откуп за нив.

Неколку часа ги држеле во заложништво и ги тепале. Кога се нафрлиле врз Џенифер за да ја силуваат, Френк успеал да се одврзе, избегал, а криминалците тргнале да го бркаат. Прво ја врзале Џенифер, но и таа некако се одврзала. Се качила на дрво, таму се скрила  и чекала да дојде Френк со полицајците.

Откако дале изјави во полицијата, веднаш се вратиле на Флорида и биле сместени во болница.

Велат дека најмногу им помогнало тоа што биле во одлична физичка кондиција и што разбирале шпански , па знаеле кои се намерите на напаѓачите.

Коментари

Популарно