Никола Груевски ги објави завршните зборови кои судот му забрани да ги прочита

Никола Грувски по прессудата на судот со која беше осуден на две годиниа затворска казна, не се појави ниту на еден медиум, но објави два статуси на ФБ. Во последнито, порнашениот премиер, ги објави завршните зборови кои судот му забрани да ги прочита.

Политичкиот контекст на случајот.

На почетокот ќе тргнам од поширокиот контекст на овој случај, па потоа на конкретните детали. Како што кажав на почетокот на ова судење, така ќе започнам и со денешните мои завршни зборови. Овие судења, се класичнiи и чисти политички судења. Ова судење во овој предмет е дел од една политичко - судска хајка, еден класичен политички прогон во кој сум нападнат јас и повеќе мои соработници. Оваа политичка тортура не е случајна. Таа не е само заради тоа што во цели 11 години мојот политички противник беше 10 пати поразен од партијата ВМРО-ДПМНЕ на чие чело бев до пред неколку месеци и фрустрациите кои произлегле од тоа. Всушност беше поразуван од народот на оваа земја, како што пак ќе биде поразуван и тоа многу брзо. Целокупната операција за рушење на владата која ја предводев беше започната со цел редефинирање на државата и во тој контекст и промена на уставното име. Таа операција траеше неколку години, и во тој период бевме нападнати со сите средства, вклучително со нелегално прибавени аудио креирани матерјали, по што следеше инсталирање на СЈО кое времето покажа дека беше партиска инсталација во правниот систем на Република Македонија, која имаше задача да изврши прогон на мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на многу мои соработници со цел наше остранување од власт и од политиката. Во недостаток на елементарни докази за да бидам суден и за воопшто судот може да ги прифати предметите во процедура, се изврши притисок, ненормалното да стане нормално. Нелегално стекнатите и креирани снимки, под надворешен притисок, судот да ги третира како легални. Без прифаќање да се напрви вештачење на тие снимки, без судот да има увид во оргиналните снимки и без друг пример во било кое друго законодаство во светот, како и спротивно на член 12 став 2 од Законот за кривична постапка на РМ (ЗКП). Судот под притисок стана заробеник на партијата на власт. Но, нема долго да трае тоа. Освен наше рушење овој прогон има и цел за притисок врз нас, врз опозицијата и врз македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои не се согласуваат со редефинирањето на државата, откажувањето од националните интереси и решение на спорот за името по терк на јужниот сосед. Колку повеќе течат преговорите за името, колку повеќе се објавуваат остапките на македонскат влада во тие преговори, случајно или не, толку почести се рочиштата за овие измислени и апсурдни судења, и еве денес случајно или не во исто време во ист ден, па дури и во ист час, започнаа едни од финалните преговори помеѓу премиерите на Македонија и Грција, и финализирањето на овој случај.

(Oва е еден дел кои што ми беше забранет да го кажам во судницата)

Иако сакав да најдам решение на наметнатиот проблем со името, сепак не дозволив негово решавање по терк на јужниот сосед. Останав цврст и издржав на многу притисоци и закани. Овој политичко судски прогон е цената што треба да ја платам за бранењето на националните и државни интереси. Марионетската власт предводена од Зоран Заев, со притисокот кој го направи и сеуште го прави врз судството, сака со сите сили да ме понижи и оцрни колку што можат повеќе, со цел нивното самопонижување и црнење кои сами си го прават низ овој процес на распродажба на државните и национални интереси со прифаќање на договори со соседите какви и не сонувале пред неколку години, да помине без силен контраст помеѓу мојата борба за Македонија и нивните поданички и штетни политики за Македонија. Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, ама да влезе во овие институции не обезличена и да влезе исправена. Денес е јасно дека дел од пресудите кои ќе ги објави овој суд можеби ќе гласат од името на народот на Република Македонија, но поголемиот дел веројатно ќе гласат од името на народот на Република Горна или Северна или Вардарска Македонија итн.

И покрај се, и покрај овој политичко судски прогон кој е казна за мојата позиција и цврстина за македонските интереси, и истовремено инструмент за заплашување на илјадници граѓани на Македонија кои не се согласуваат со овие политики на актуелната власт, мене ми е чест што македонскиот народ и граѓаните на Македонија не ги изневерив. Подготвен сум на се, на секакви политички ризици и последици од нив, уште од првиот ден кога се нафатив да ја водам партијата ВМРО-ДПМНЕ а подоцна и Владата на Македонија, низ овие турбулентни години за нашата држава. Ова се години кога најризично е да си Македонец, а уште поризично ако се бориш за интересите на својата земја и притоа имаш многу непријатели, вклучително и меѓу своите.

Во тој контекст и една мисла на Гоце Делчев вели: ,,Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди, како македонскиот.

Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на различни страни, една од друга потуѓа,,. (тука завршува првиот дел од забранетите завршни зборови, втор дел има во последниот дел од моето излагање) Овој фабрикуван предмет, во кој нема никакви докази против мене, се одвиваше мошне брзо, можеби најбрзо во историјата на македонското судство од независноста до денес. Почна во февруари, завршува во мај. Во предметот сум обвинет за сакање. Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон. Во врска со овој политички фабрикуван случај сакам да изјавам: Околу наводното мое побарување да се набави блиндирано возило од економскиот оператор Макаутостар Скопје и од марката мерцедес класа С 600 Гард Не сум искористувал никакво реално влијание или службена положба за да барам некој трет да превзема службени дејствија што не смее да ги изврши, со цел набавка на ново блиндирано патничко моторно возило како луксузно возило, за да наводно јас го користам. Од ниту еден доказ изведен од обвинителството, ниту од така наречените аудио снимки, за наводни мои разговори со трети лица, чија автентичност, вистинитост и целовитост ја оспорувам, произлегува дека: -не сум барал спроведување на јавна набавка на ново блиндирано патничко моторно возило како луксузно возило, -не сум барал фаворизирање на економскиот оператор Мак Ауто Стар како генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката Мерцедес во РМ, -не сум барал од некого тој да поттикнува други лица при вршење на јавна набавка, незаконски да биде повластен економскиот оператор Мак Ауто стар, -не сум барал да се набави блиндирано патничко возило со ознаки Мерцедес модел С 600 Гард, за да од тоа барање Мак ауто стар стекне корист со доделување на договор за купопродажба во износ од проценета вредност на набавката од 30.750.000 денари без ДДВ, -не сум барал во постапка за јавна набавка овој економски оператор да нема конкуренција и да се фаворизира истиот, -не сум барал други економски оператори да немаат можност да дадат понуди со други спецификации кои се еквивалентни, -јас не сум можел да вршам нерационално користење на буџетски средства, -неразбирлива е констатацијата дека набавката на такво возило е вонредно скапо, бидејќи одлука за вредноста на набавката не донесува Претседателот на Владата на Република Македонија, а средствата за набавка на вакво возило се утврдуваат согласно законот за буџет. -никогаш наведеното возило не било дадено на исклучиво користење за превоз на Претседателот на владата на РМ (ПВРМ), а повременото користење не е последица на нечии лични желби на поединец туку на прописи-уредба донесена на влада, а по предлог на МВР, според кои постапува МВР како државен орган. Ниту во изведените докази за кои што се тврди дека преставуваат наводни аудио снимки помеѓу мене со некои трети лица, ниту во било кои докази не произлегува дека сум ПОБАРАЛ од Гордана Јанкуловска да се изврши службено дејствие што не би требало да се изврши и тоа да се изврши јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патнчко возило од марката Мерцедес модел С 600 Гард така што во постапката да се фаворизира економскиот оператор МАК АУТОСТАР Дооел Скопје-генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката Мерцедес во РМ. Сега ќе кажам неколку анализи во чии детали во најголема мера се запознав постфестум, откако се отвори обвинението, бидејќи јас не учествував во постапката за јавна набавка, ниту пак во тоа време сум бил запознаен со се, со кое денес заради овој предмет се запознав. Барањето за набавка на ново блиндирано возило доаѓаше од секој кој беше во допир или имаше некаква одговорност поврзана со старите блиндирани возила. Како што можевте да слушнете лично од сведоците, како од оние кои беа мое обезбедување, така преку директорот на СОЗР, па до началникот на одделот за обезбедување на личности Миомир Антиќ, сите тие, врз основа на својот професионален ангажман, искуство и образование континуирано подолг период укажувале на потребата и итноста од набавка на ново такво возило. Сите блиндирани возила кои ги имала РМ за (согласно деловникот) ВИП личностите кои задолжително требало да бидат превезувани со таков тип на возило биле во многу лоша состојба, до таа мерка биле сообраќајно и балистички небезбедни, што често пати преставници на странски делагации, премиери на други држави во консултација со нивното обезбедување, одбивале да се возат во нив заради таа небезбедност. Оттука, барањето, и потребата за набвака на блиндирано возило потекнува токму од професионалците во оваа област. Како што и самите тие кажаа во повеќе наврати, МВР и јас како премиер долг период ја игнориравме алармантноста на тие барања. Конечно, откако претходно во буџетот се предвидени средства и откако МВР, владата и парламентот ја утврдуваат потербата за набавка на ново блиндирано возило со донесување на планот за јавни набавки, започнуваат чекорите за негова набавка и тоа за двојна цел, примарно за превоз на странски ВИП гости, и секундарно за користење на тоа возило во период кога постојните блиндирани возила се на сервис, или се патува на подолг пат. Набавката на вакво возило не беше во надлежност ниту на владата ниту на мене како премиер, ниту пак било кога новото возило се пренесе на користење на владата или премиерот. Секогаш претходно набавката на вакви автомобили се одвивла по процедура на директна спогодба по членот 7 од законот за јавни набавки, и нормална претпоставка на секому тогаш му била дека пак ќе оди така. Впрочем и сведокот Зоран Марковски од Мак Ауто Стар, истакна дека бил зачуден кога дознал дека МВР објавува јавен оглас за набавка на ваков вид возило, имајќи во обзир дека секогаш претходно за ваков вид безбедносни возила набавката се одвивала по процедура на директна спогодба. Оттука, потврдувам дека за компанијата Мак Ауто Стар немав чуено дека постои се до поднесувањето на ова обвинение. Кога прв пат го прочитав ова обвинение прашав која е оваа фирма, за која СЈО ме терети дека сум ја фаворизирал. Ниту сум знаел дека е генерален застапник за увоз на автомобили од марката Мерцедес, ниту сум знаел кој е управител, сопственик ниту било кој вработен во таа фирма, или пак каде им е седиштето. Од денешен аспект после изведувањето на доказите и сведочењето на сведоците, стана јасно, дека дури и под претпоставка да сум сакал да ја фаворизирам фирмата Мак ауто стар, не сум можел бидејќи Законот за заштита на конкуренцијата (ЗЗК) не дозволува експлузивитет на една фирма за увоз на одредена марка возило. Имено и сведокот Зоран Василевски кој во тоа време работел во конкуренстката компанија Аутомакедонија потврди, дека покрај 4-те бренда на кои Аутомакедонија биле генерални застапници во минатото, низ годините имаат увезувано и други марки на возила, што оваа компанија го потврди и со писмото-известување каде ни посочи дека набавувале возила од марката МАН на која небиле генерални застапници, а познато е оваа марка на возило има генерален застапник во Македонија од 2009-та година, и се вика МАН импортер Македонија. Значи, не само што не сум помислил да го протежирам економскиот оператор Мак ауто стар, не само што не знаев дека постои фирма со такво име, туку и да сум сакал не сум можел да го направам тоа, имајќи ги во обзир македонските антимонополски закони кои се усогласени со европските такви закони. Нагласувам и дека не постои ситуација во која, било кога во минатото на било кое место или контекст, сум го изговорил името на оваа фирма, бидејќи не сум го ни знаел, и не било предмет на мој интерес. И затоа, непостои ситуација кога сум побарал од Гордана Јанкуловска да се фаворизира овој економски оператор, кој всушност, како што произлегува од самите закони и од искуствата на сведоците и компанијата Ауто македонија, дури и да сум сакал не сум можел да ги протежирам. Затоа, пред овој судски совет да донесе одлука, нека провери добро дали има некој сведок, или матерјален доказ, или било каков доказ, од кој јасно произлегува дека јас сум побарал, изговорил име или потпишал документ со име на економскиот оператор Мак ауто стар Скопје, или марката на возилото кои МВР ги набавило Мерцедес С 600 Гард. Такво нешто нема. И верувам дека Вие ќе судите по факти, а не поведени од јавната политичка пропаганда, контекст даден од моите политички противници или имагинација. Потенцирам дека економскиот вештак г-динот Страхил Глигоровски ангажиран од СЈО, за што многу сум им благодарен, во вештачењето и во сведочењето пред овој суд посочи дека ги истражил маржите на економскиот оператор Мак Ауто стар и констатирал дека маржата при продажбата на блиндираниот Мерцедес е во рамките на вообичаените маржи на овој економски оператор, и дека нема екстра профит. Што значи дека нема ни штета. Исто така од законот за јавни набавки, како и од праксата знаеме, а тоа беше потврдено и од сведоците ангажирани од СЈО, дека како и при сите јавни набавки, така и во овој случај, по објавување на тендерот, постоел законски одреден период во кој секој економски оператор, доколку се чуствувал на било кој начин обесправен, елиминиран, дискриминиран или од било која причина не можел со одредена марка возило да се вклопи во тендерската документација на јавната набавка, а сака да учествува на тендерот, можел да поднесе барање за промена на техничката спецификација и да му биде овозможено тоа. Од сведочењето на сведоците предложени од СЈО дознавме дека и пред и по оваа набавка, имало вакви ситуации, каде имало барања за корекција на техничката документација, што значи дека постоела и постои таква пракса. Но, никој, ниту еден друг економски оператор, генерален застапник или било која фирма регистрирана за трговија со автомобили не поднела такво барање, што укажува дека немале проблем со понудената техничка документација. Овој факт се докажа и со писмо-известување од МВР со кое потврдува дека во периодот на јавната објава ниту еден економски оператор не доставил било какво барање или забелешка на тендерската документација. Исто така напоменувам дека сите сведоци на СЈО, кои биле дел од постапката за набавка на возилото, дел од комисијата за јавна набавка потврдија дека ниту јас, ниту било кој од обвинетите им вршел било каков притисок или влијание при нивната работа. Нагласувам дека иако како премиер не сум побарал нешто што е недозволиво да се изврши во врска со оваа набавка, дека дури и ако за момент хипотетички претпоставиме дека сум побарал, јасно е дека човек на така висока функција која ги покрива сите области од општеството, не е должен, ниту пак е возможно да ги познава сите детали од сите области, и вообичаена пракса а истовремено и законска обврска и додека јас сум премиер, и пред и по мене, и секаде во светот е доколку во некој случај премиерот или министерот побара нешто што законски неможе да се изврши, да му биде соопштено од подредените дека тоа што го побарал е незаконски и дека неможе да се изврши. Сум посетил стотици и стотици села и градови низ Македонија, и низ дискусии со граѓани, со преставници на компании, професионалци од разни области, сум предлагал многу проекти и набавки, при што секогаш се подразбирало дека тоа мора да се спроведе само и исклучиво законски, и надвор е од здрав разум да предлагам или барам моите предлози да се спроведуваат незаконски. Се разбира ако од стручните служби некој укажел дека нешто од тоа е незаконско, веднаш сме остапувале од идејата. Околу наводната остварена корист Од денешен аспект, кога ќе се земе во обзир во каква состојба биле 4те блиндирани возила на Република Македонија, (или којзнае, можеби набрзо ќе биде Горна Република Македонија), дадени на користење кај државниот врв, и кога ќе се земе во обзир дека и тогаш и денес постоел правилник на МВР по кој, ПРМ, ПСРМ, ПВРМ и МВР задолжително, нагласувам задолжително, при нивниот превоз треба да се транспортираат со блиндирано возило, јасно е дека не едно, туку најмалку 5 такви возила требало да се набават, при што 5-тото би било наменето исклучиво за ВИП странски гости, ако веќе е премногу да се набават и 10такви возила, односно по две во секоја колона, како што прпопишува деловникот на МВР. Одтука, апсурден е делот на обвинението на СЈО кон мене дека јас сум побарал да се набави блиндирано возило Мерцедес со цел да остварам корист, бидејќи сум САКАЛ да го користам таквото блиндирано моторно возило. Значи СЈО бара поранешен премиер да биде осуден за виновен за остварување КОРИСТ затоа што го транспортирале во блиндирано возило, какво што по сила на закон, односно подзаконски акт, МОРАЛ да користи при превозот. Во моментот кога парламентот ме изба за ПВРМ, на излезот од Собранието на РМ, бев пречекан и одвезен од возач кој управуваше блиндирано возило како што наложуваат прописите, што значи возењето во такво возило не е избор на ПВРМ, туку согласно прописите обврска на МВР. Неможе со транспортот во блиндирано возило да биде остварена корист, ако законот односно подзаконскиот акт одредува и налага дека ПВРМ треба да биде превезуван исклучиво во блиндирано безбедносно заштитено возило. Која е мојата корист тука ако од првиот до последниот ден на позицијата ПВРМ сум бил превезуван во блиндирано возило, согласно прописите на МВР. МВР било задолжено при моето транспортирање на било кое место, во било кое време, и за било каква прилика, службена или приватна да ме транспортира во блиндирано безбедносно заштитено возило. За каква корист тука може да стане збор? За обид да се избегнат чести и екстремно скапи дефекти? За обид да се има блиндирано возило и тогаш кога она што редовно се користело е дадено на сервисирање? Која била мојата корист?

Непостои таква корист. Ќе истакнам и уште една теза за една нелогичност во обвинението каде се укажува дека јас сум побарал од трето лице да се набави блиндирано патничко возило со ознаки Мерцедес С 600 Гард и дека сум сакал да остварам корист со тоа што во возилото ќе бидам превезуван и јас итн.итн. Одгворот на оваа теза е, ќе го дадам со реторичко прашање? Дали ако наместо ознака Мерцедес С 600 Гард се набавело некое друго блиндирано возило од друг производител од Европа, или некое од производител од Америка во кои се транспортиираат американските претседатели и ВИП политички личности, или од некој јапонски, руски, индиски или кинески производител во кои се транспортираат нивните политички лидери, дали тогаш немало да имам корист ако повремено сум бил транспортиран во такво возило. Или поконкретно, ако на тендерот дојдеше и победеше понуда на возило со кое во тој момент се транспортирал американскиот претседател, или јапонскиот премиер, или ако наместо ознака Мерцедес беше ознака Кадилак во каква се транспортира американскиот претседател, Тојота Ленд Круисер во каква се превезува јапонскиот премиер, Суббурбан Шевролет какви што најчесто користат сикрет срвис од САД, Аурус сенат лимузин во каква се транспортира рускиот Претседател, Hongqi L5 се транспортира кинескиот претседател, или пак некоја од многуте модели на Линколн МКЗет, Линколн МКикс, или пак возило со ознака Мајбах, Мицубиши, Масерати, Мазда, Нисан, како е можно со набавката на мерцедес Ц600 Гард да имам корист што повремено ќе бидам транспортиран во него, а со овие другите нема да имам. Од повеќето од наброените има редовно производство на блиндирани автомобили а некои од нив по нарачка прават блиндиран возила со надоградба во балистичкиот дел. Значи со фаворизирање на возило со ознака Мерцедес С 600 Гард и возење во него сум мислел дека ќе имам корист, а ако наместо тоа возило било возило со ознака Кадилак идентично на она во кое се возат американските претседатели или пак Мајбах или Тојота Ленд Круизер во какво се вози јапонскиот премиер со транспортирање во нив сум мислел дека нема да остварам корист. Навистина, приказната за користа од повременото користење на новото блиндирано возило е безсмислена и срамна. Во обвинението се нагласува и дека блиндираното возило било луксузно. Сите блиндирани возила за цивилни цели се луксузни. И она кое го користев и до 2012та и потоа, беше луксузно. И секоја политичка ВИП личност се транспортира во луксузно блиндирано возило. Не постои произвоство на нелуксузно блиндирано возило во светот за цивилни цели. Сите блиндирани возила за цивилни цели се луксузни. Цената на потполно исто такво луксозно возило кое не е блиндирано изнесува околу 7-8 милиони денари. Оттука, високата цена на набавката на блиндираното возило од околу 30 милиони денари, не произлегува од луксузноста во него, туку од безбедносната опрема вградена во возилото за заштита од обиди за атентати. Нема производна линија која произведува нелуксузно блиндирано возило за цивилни цели. Ова е уште една неоснована и политички мотивирана забелешка на СЈО. И ако баш сакате да знаете, бидејки сум имал прилика да бидам транспортиран и во блиндирано и во неблиндирано луксузно возило од ист тип, ќе ви кажам дека транспортот во неблиндирано возило е далеку поудобен особено кога се патува на отворен пат со кривини и нерамнини, и се вози побрзо, барем за оној кој седи на задното десно седиште. Има и уште еден дел кој сакам да го појаснам. Неколку пати во оваа судница беше нагласено дека имало премногу сведоци како од моето обезбедување, така и други одговорни преставници на МВР и СОЗР кои сведочеа за исклучително лошата состојба на блиндираните возила кои ги поседувало МВР во тој период. Ова беше направено од причина за да се долови реалната состојба во која се наоѓаше државата, Владата и МВР во тој период, имајки во обзир дека СЈО, би рекол повторно од политички побуди во обвинението пишува еден дел кој ќе го цитирам: ,,...иако обвинетите знаеле дека набавка на такво ново возило било вонредно скапо, во услови на намалена економска и куповна моќ на министерството....,,,итн.итн. Повторно од политички мотивирани побуди, а за потребите на јавна манипулација, СЈО се обиде набавката на возилото да ја престави како неважна или непотребна, или како некакво луксузирање. Наспроти тоа, слушнавте како и те како имало потреба и тоа многу порано од 2012-та за набавка на ваков тип возило, чија амортизација како што чувте од стручните лица од МВР, е со соодност 1 спрема 3, што значи 200те илјади поминати километри на блиндирано возилото со кое како премиер бев превезуван биле со еквивалент на 600 илјади поминати километри на неблиндирано возило, или 13-14 годишната старост на блиндираното возило во тоа време, било еквивалент на околу 40 годишна старост на неблиндирано возило од ист тип од истата марка.

Слушнавме и тоа дека блиндираното возило со кое јас бев транспортиран беше до толку амортизирано, што новата влада по доаѓањето во 2017-та година, веднаш го исфрлила од употреба и го расходувала. Слушнавме и дека фабриката производител, ги известила македонските институции дека ќе престане да произведува резервни делови за старото блиндирано возило и за некои делови престанала. Слушнавме и тоа дека новото возило во реалноста било примарно користено за високи ВИП гости од странство, кои беа и поименично набројувани. На крај на овој дел ќе сумирам дека ниту сум побарал, ниту СЈО приложи доказ дека сум побарал набавка на блиндирано возило со која набавка сум побарал да се фаворизира еконосмкиот оператор Макауто стар, ниту пак законите дозволувале еден економски оператор да биде протежиран, ниту пак сум иницирал или побарал тоа да е од Марката Мерцедес модел С 600 Гард, а уште помалку сум остварил било каква корист од повременото користење на блиндираното возило, од причина што правилата на МВР налагале како ПВРМ да бидам транспортиран исклучиво во блиндирано возило. Околу законитоста на ,,доказите,, соглсно меѓународните стандарди и домашното законодаство Обвинителниот предлог (за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 ст.2. од КЗ. за кое се товарам јас како обвинет се темели исклучиво на незаконски прибавени докази (аудио креирани материјали) врз основа на кои согласно член 12 став 2 од ЗКП не може да се заснова судска одлука. СЈО не предложи ниту еден друг доказ како матерјален доказ, мој потпис на некој документ, или сведок кој на било кој начин би ме посочил мене со име и презиме. А имаше 15 сведоци на СЈО. Во ниту еден документ кој како доказ го приложи СЈО го нема моето име. Ниту еден сведок не ме посочи за било што поврзано со оваа набавка. Освен претпоставките кои СЈО ги темели на селектиран дел од аудио материјалите прибавени со грубо и долгогодишно кршење на човековите права преку незаконско прислушкување, чија автентичност не е потврдена, СЈО не приложи ниту еден доказ дека во однос на набавката на блиндирано патничко моторно возило со највисока заштита VR6/VR7 сум побарал за постапување по однос на конкретната јавна набавка. Исто така потребно е да се има во предвид дека со оглед на тоа што како обвинет воопшто не учествував во постапката за јавна набавка која е предмет на обвинението, аудио материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите односно произлегуваат од неспорно кршење на човековите слободи и права загарантирани со Уставот на Реублика Македонија и ратификуваните меѓународни документи, се всушност единствениот ,,доказ,, против мене и истите претставуваат ,,докази,, обезбедени на начин спротивен на одредбите од член 12 од Законот а Кривична постапка (ЗКП) и спротивно на член 8 од Европската Конвенција за заштита на човековите права (ЕСЧП). Оттука прифаќањето на такви докази и евентуалната пресуда заснована врз нив противречи на барањата за правичност на судењето загарантирани со член 6 став 1 од Конвенцијата. Имено, темелењето на обвинението кон мене единствено врз ,,докази,, добиени со кршење на човековите слободи и права преку незаконско следење на комуникациите без судска наредба и без судска контрола, спротивно на член 12 ст. 2 од ЗКП, покренува сериозни прашања за правичноста на постапката (види Hajrulahu v.версус FYR Macedonia § параграф 108). Од овие причини, членот 6 од ЕСЧП бил релевантен и пред да почне судењето бидејќи како што се покажа во текот на судењето правичноста на судењето е сериозно неправедна преку иницијалниот неуспех за усогласување со одредбите на ЕКЧП (види Lisica v. Croatia§ 47 и Imbrioscia v. Switzerland§ 36). Според тоа, не е прифатливо дека во конкретниов случај судењето ќе може да се смета за „правично“, како што се бара во член 6, доколку вината на некое лице се заснова единствено на доказ кој е добиен преку повреда на човековите права загарантирани со Конвенцијата, односно не може да зборуваме за „правично“ судење доколку истото се темели на иницијална повреда на закон. Властите имаат обврска согласно член 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права да „им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и слободите утврдени во делот I на оваа Конвенција.“ Или како во американското законодаство знае да се каже: плодовите на затруеното дрво се исто така затруени. Според ова, се наметнува обврска за судовите да не дозволат ниту пак да се осврнат на докази во судска постапка кои биле добиени спротивно на Конвенцијата. Ова е особено важно кај случаи каде таквите докази се единствениот ,,доказ,, против обвинетите како во конкретниов случај. Логична последица при повреда на заштитеното право со Конвенцијата, е неприфаќање на доказите добиени на тој начин бидејќи кршењето на законот, со цел негово спроведување, е само по себе контрадикторно и апсурдно. Ова најдобро се гледа од случаи како овој, каде ,,доказите,, се обезбедени на начин кој не соодвествува со барањата од член 8 од Конвенцијата, а сепак со нивното прифаќање како ,,докази,, против обвинетите, може да доведе кон евентуално донесување на пресуда заснована исклучиво врз овие ,,докази,,. Според тоа неприфатливо е судење и донесена пресуда да се сметаат за правични ако се темелат на неспорна повреда на Конвенцијата, а употребата на материјал кој произлегува од незаконско следење на комуникации во кривична постапка противречи на барањата за правичност на судењето загарантирани со член 6 став 1 од Конвенцијата. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) по однос на ова прашање завзел став во случајот Schenk v. Switzerland во кој како доказ била користена аудио лента снимена од страна на приватно лице без наредба на истражен судија, што не било доволно судењето да се оцени како неправично. Во наведениот случај, се сметало за доволно тоа што обвинетиот знаел за снимките и околностите под кои тие се направени и имал можност да го оспорува нивното користење во постапката. Притоа, Судот како особено важен го вреднувал фактот дека спорните докази не биле единствените врз кои се засновала судската пресуда, в. Schenk v. Switzerland§ 48. Во случајот на г-дин Schenk, Судот поставил неколку критериуми за процена на правичноста на постапката, кои на преден план, ги истакнуваат правата на одбраната во однос на незаконски прибавените докази, како и околноста дали осудата била во целост или битно базирана на докази прибавени на ваков (противзаконит) начин. Носењето пресуда со евентуално игнорирање на овие факти поврзани со ЕСЧП, носењето на пример осудителна пресуда за обвинение кое исклучиво се темели на снимки како доказ, што во мојот случај е реалност, би било во спротивност со законот за судови и би преставувало дисциплинска повреда, непочитувјки ги пресудите на ЕСЧП. И со тоа директно би се повредил членот 18 ст.8 од законот за судови. Пред неколку дена, овој суд во контекст на некои медицински белешки на обвинетиот Ѓоко Поповски, во наше присуство нагласи дека копии како докази прима само доколку има увид во оргиналот, кој што увид беше овозможен. И тоа е исправно. И тогаш реагирав и сега ќе нагласам, дека аудио снимките како креирани матерјали кои ги имате добиено на ЦД се копии и никој во оваа сала, вклучувајки го и судот и СЈО ги нема видено ни слушнато оргиналите. Во тој правец беше и нашиот обид да приложиме техничко мислење на технички советник од компанијата Друштво за вештачење Форензик Експертс потпишано од управител Др Костадин Дуковски, а подготвено од вештото лице др Мирослав Котевски со лиценца бр. 08-951/2 од 09.05. 2018та во кое се нагласува: ,,Тонските записи од водените разговори во моментот на нивната реализација се запишуваат и складираат на систем кој е наменет за легално следење на комуникациите инсталиран во МВР на РМ. Записите се снимени и складирани преку соодветни интерфејси за таа намена кои ги поврзуваат системите на телекомуникациските оператори во РМ и примарниот систем за таа намена во МВР. Тонските записи презентирани на главната расправа одржана на 10.04.2018та година во врска со предметот под број КОК бр.59/17презентирани се и од медиум кој не е дел од наведениот примарен систем за легално следење на комуникациите инсталиран во МВР. Имено овие записи се превземени од примарниот систем и преставуваат копии на оргиналните записи,,. Автентичноста на презентираните тонски записи на главната расправа е дискутабилна со самиот факт дека се презентирани копии од оргиналните записи. Со обзир дека судот и обвинителството не побараа вештачење на тонските записи за да се утврди нивната автентичност, веродојстојности целовитост, што сметам дека е дел од политичкиот притисок врз судот. Живееме во време, во ера во која на целата планета, и во Македонија копијата не е доказ. Се надевам дека, сепак судот ќе го земе во обзир ова при носењето на пресудата. Се приклучувам на одбраната на моите бранители и нивните предлози до судот. И на крај, дозволете да подвлечам. Колку и судот да е под притисок, заробен и како таков ставен во функција на целта на власта за редефинирање на државата кое го прави сегашната марионетска власт, правдата порано или подоцна ќе излезе на површина. Јас и покрај сите објавени новинарски натписи, особено оние на медиуми кои одблиску и секојдневно го следат судството, и покрај срамните изјави на премиерот и мој повеќе годишен политички конкурент, кој пред една недела со политички речник во изјава за медиумите веќе најави дека овој суд ќе ме прогласи за виновен, како да сакаше да покаже дека го контролира и управува судот и Вас во судот, што пак само даде поткрепа на претходните медиумски натписи, сепак сеуште верувам дека овој судски совет сепак ќе најде сили да покаже интегритет, цврстина, чесен однос кон својата професија, чиста совест и професионално однесување. (втор дел од забранетите завршни зборови во судницата)

Македонија е пред голем предизвик. Заробена од една марионетска власт. Потребни се мудри и храбри одлуки, но пред се законски. Колку и да некој се соочува со притисоци или неприципиелни понуди, колку и оваа власт да се однесува недемократски и насилнички, сепак, секој од нас носиме индивидуална одговорност и надворешните притисоци или влијанија или пак партиски наклоности, треба да се игнорираат и колку и да се силни, не може да бидат ничие оправдување за подлегнување под нив.

Во овој суд се вперени очите на јавноста. Не ми се суди само мене. Се суди на суверенизмот како моја определба во македонската политика.

Евентуална погрешна одлука или одлука прифатена под политички притисок, нема да биде нешто што ќе се памети и зборува само три дена. Очите на тивкото и во голема мера во моментов заплашено мнозинство, кое посакува само правда и чесни одлуки, а не политички договори меѓу извршната и судската власт, се вперени кон овој суд и кон вас лично. Ви благодарам

Коментари

Популарно