Џафери за провокациите од Шешељ: Јас сум тука службено, немам потреба да одговарам никому

Немам потреба да одговарам никому, јас не сум тука на повик од политичка партија туку во официјална посета од народниот парламент, изјави претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери во интервју за српската телевизија Н1, по обвинувањето на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ дека Џафери е терорист.

Шешљ запраша врз која основа афери е дојден во Белград и кој го повикал.

-Бев повикан од страна на претседателката на Собранието. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука, а не да се оптеретувам со партијата на Шешељ и неговите изјави, кажа Џафери.

Џафери говореше и за нападите на 27. април минатата година во Собрание.

-Што се однесува на мојот избор за претседател на Собранието, историјата се повторува со оглед на тоа дека мојот избор за министер за одбрана во 2013 година исто така беше пропратен со протест. Мојот избор во Собранието секако дека беше легален и легитимен и покрај сите постапки на сегашната опозиција во смисла на попречување на работата на парламентот. Не се сметам за контраверзна личност, јас ги извршувам моите обврски онака како што ми се доверени, вели Џафери.

До претседателот на Собранието беше упатено и прашањето за неговиот личен однос со експремиерот Никола Груевски, со оглед на тоа дека на седницата на која се изгласуваше законот за употреба на јазиците, дојде и до физички контакт помеѓу нив.

-Тоа е одраз на психолошка криза со оглед на тоа дека многу кривични дела се водат против него, како и неговата смена од претседателската функција во партијата. Сето тоа беше причина за во дадениот момент тој да не може да се исконтролира себе, заклучи Џафери.

Коментари

Популарно