(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Не се само европски шампиони, туку и вистински господа: Вардарци со стил пристигнаа во Келн

Ракометарите на Вардар вчера наутро први пристигнаа во Келн, во градот каде лани ја освоија титулата европски првак, а оваа година одат кон историјата, да бидат први бранители на титулата откако Лигата на шампионите се игра во овој формат, со фајнл фор турнир.

Вардарци на патот до титулата ќе се обидат да го спречат три француски тима, првиот во полуфиналето е Монпеље, а во евентуалното финале, се разбира доколку го совладаат Монпеље, ќе биде или Нант или ПСЖ, кои го играат другиот полуфинален дуел.

Вардарци вчера наутро први стигнаа во Келн, а покрај тоа што се вистински мајстори на теренот, вчера во очите на јавноста паднаа и како вистински стилски мајстори. Тие во одела кои мора да се признаа дека одлично им стоеја пристигнаа го германскиот град.

Можеме да констатираме покрај тоа што се европски шампиони, тие се и вистински господа.

Коментари

Популарно