(ФОТО) Се пофали како изгледалала на 17 години – ја запукаа дека се средувала со Фотошоп

Фотографијата направена во 1997 година која Ким Кардашијан ја објави на нејзиниот Инстаграм профил требаше да ги потсети нејзините обожаватели како старлетата изгледала на 17-годишна возраст. Но, голем број од нив ја запукаа ѕвездата со критики дека ја фотошопирала старата фотка.

На фотографијата Ким носи зелен фустан со длабоко деколте, а во описот на фотката таа нагласува дека шминката е во склад со фустанот. Дел од обожавателите распалија со коментари дека користела Фотошоп за да се среди на старата фотографија.

 

New Obsession. Colored Contacts

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Тие тврдат дека Ким си го коригирала носот, имајќи во предвид дека пластичната корекција на истиот таа ја направи неколку години подоцна, откако стана полнолетна. Нејзините усни, нос и образите денес изгледаат сосема поинаку.

 

Catholic School Girl 8th Grade

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Коментари

Популарно