Земји-членки на ЕУ ставија рампа за датум за Македонија и Албанија

Земји-членки на ЕУ испратија допис Советот преку кои бараат на МАкедонија и Албанија евентуално да им се додели Датум за преговори на пролет но следната година, објави Макфакс, објавувајќи „нон пејпер“ документи од Брисел.

Документот циркулира меѓу оние кои се против почетокот на преговорите во јуни, иако еврокомесарот Јоханес Хан го потенцираше овој месец како датум за отпочнување на преговорите.

„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.

Тие аргументираат дека Унијата мора да стане поцврста пред да стане поголема. Се наведува дека ЕУ во моментов минувала низ една доста чувствителна фаза на реформи.

„ Во овој контекст, сметаме дека условите за отворање на пристапните преговори со Албанија и ПЈРМ не се исполнети“, сметаат тие.

За опструкциите на извесни земји членки на унијата наговести и премиерот Зоран Заев на телевизискиот дуел, кога отворено кажа дека поддршка немаме од Франција и Холандија.

Коментари

Популарно