(ВИДЕО) ЛАЗАРОВ ГО РЕШИ ОМЕЈЕР: Прв стрелец на Ф4 со 57 гола

Кирил Лазаров е најдобриот стрелец во историјата на Ф4 турнирите, со 57 погодоци.

Кирил Лазаров е најдобриот стрелец во историјата на Ф4 турнирите, со 57 погодоци.

Македонскиот „бомбардер" пред почетокот на полуфиналето меѓу Нант и ПСЖ имаше 51 гол и беше зад Филип Јиха и Момир Илиќ, но тој блеска во дуелот со „светците“ и стигна до 57 гола, од кои 5/6 од седум метри и со тоа стана прв стрелец во деветгодишната историја на завршни дуели во „Ланксес“ арената.

Натпреварот се уште се игра, а тоа значи дека Лазаров може да ја зголеми предноста пред конкуренцијата.

Лазаров е и прв стрелец во Лигата на шампионите со 1176 погоди.

Кирил Лазаров и Нант ја живеат ланската бајка на Вардар, откако во првото полуфинале го победија главниот фаворит ПСЖ (17:14) и обезбедија пласман во финалето на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите.

Лазаров најави дека неговиот тим доаѓа растоварено и без притисок, но дека ќе ја искористи секоја шанса која ќе им се отвори за сензација.

Самиот пласман на Ф4 за Нант е историја, но Лазаров од самиот старт на мечот го предводеше тимот и блескаше најдобриот македонски ракометар на целиот натпревар.

Токму Лазаров и го донесе пресвртот во средината на првото полувреме, 7:6, а потоа предноста само растеше, односно ја одржуваа ракометарите на Нант, за на полувремето да заминат со 17:14.

Во финишот на дуелот гледавме вистинска драма, откако предноста од 20:15, ПСЖ ја „стопи“ на 29:28, но Димулен не дозволи изедначување, а потоа уште две ипол минути храбро ја чуваше мрежата за конечни, 32:28.

Лазаров поентираше од игра, од седум метри, асистираше, мечот го заврши со 8 погодоци (6/7 од пенал) и како најдобар стрелец на Ф4 турнирите со вкупно 59 погодоци го одведе Нант во финале.

Коментари

Популарно