(ВИДЕО) Кенгур влетал на рагби натпревар

Камерманот кој го снимал рагби натпреварот го фатил моментот кога кенгур влетал на теренот.

Видеото е снимено во Паркс, во Нов Јужен Велс, во Австралија. Во тоа време се играл рагби натпревар.

Снимката покажува како кенгур скока по теренот меѓу играчите и неколку секунди потоа го напушта теренот.

„Работам хонорарно како камерман, главно ги следам локалните спортски настани. Додека го снимав женскиот рагби натпревар, бев сведок на неочекувана појавување на кенгур на теренот“ – прокоментирал снимателот на овој несекојдневен инцидент.

Коментари

Популарно