(ВИДЕО) Вардар се сака и кога губи: Комити грмат во Ланксес арена по поразот од Монпелје

Вардар не успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година откако во полуфиналето загуби од Монппелје со 28-27. Ракометарите се бореа од првата до последната минута, дури и во последните минути стигнаа во ситуација да извадат поволен резултат но не успеаа. И покрај поразот Комитите покажаа дека Вардар се сака и во добро и во зло, и кога победува и кога губи. Денеска не успеавме, но ракометарите на Вардар и по поразот ја имаа целокупната поддршка од трибините.

Погледнете на видеото подоле

Коментари

Популарно