Со македонски пасош може да се патува во 125 земји без виза

Македонскиот пасош годинава е рангиран на 41 место според својат важност и јачина, која се мери според тоа во колку земји може да се патува во светот без виза.

Од регионот најдобро рангиран е пасошот на Србија, со кој може да се патувва без виза во 130 земји и се наоѓа на 36 позиција од светската ранг листа. Потоа, Македонија е на 41 место со 125 земји, Црна Гора е на 43 место со 123 земји, Б и Х е 47-ма со 118 земји, и Албанија е 48-ма со 114 земји.

Се разбира, Словенија и Хрватска како земји членки на ЕУ се рангирани на високото 9 место и Хрватите на 16 место. Со словенечкиот пасош се патува во 180 земји без виза, а со хрватскиот во 169.

Според Henley Passport indeks, Јапонија го има најмоќниот пасош на светот.

Нивните граѓани можат да патуваат без виза во 189 земји.

По пет години Германија падна на второто место, а нејзините граѓани имаат можност без виза да патуваат во 188 земји, исто како и Сингапур.

Шпанија, Финска, Франција, Италија, Шведска и Јужна Кореја, се на трето место.

На дното се Сирија, Пакистан, Ирак и Авганистан , чии граѓани без виза може да патуваат во 32, 29,28 и 25 земји.

Со истражувањето беа опфатени 199 земји .

Коментари

Популарно