(ВИДЕО) Реал по трет пат во низа крунисан за шампион на Европа

За „кралевите“ ова беше трета титула во низа во Лигата на шампионите, во претходните две години ги победуваа Атлетико Мадрид и Јувентус. Но, после завршувањето на натпреварот Кристиано Роналдо даде изјава со која ги исплаши фановите на Реал.

„Убаво беше да се биде дел од Реал Мадрид. Во следните денови ќе ја соопштам мојата одлука“, гласеше изјавата на Роналдо за „beIN Sports“.

По оваа изјава фудбалскиот свет со нетрпение ќе ја чека одлуката на Роналдо, а многумина веројатно си го поставуваат прашањето: Дали Роналдо навистина е спремен да замине или пак само ја користи ситуација за нов договор?

Доминацијата продолжува, Реал останува на Европскиот трон. Реал Мадрид со победа од 3:1 над Ливерпул ја освои 13 титула во Лигата на шампионите во нивната историја.

Не успеа ниту Јувентус лани, не успеа ниту Ливерпул денеска да ја прекине доминацијата на Реал во Лигата на Шампионите.

Головите за победа на Реал ги постигнаа Бензема во 51. минута и Бејл во 64. и 83. минута, а за Ливерпул единствениот гол го постигна Мане во 55. минута од натпреварот.

Погледнете го подигањето на трофејот.

Коментари

Популарно