(ФОТО) Карлеуша ќе полуди по коментарот на Гоца Тржан за ова парче од кое таа „не излегува“

На Јелена Карлеуша оваа изјава од колешката нема нималку да и се допадне.

Пејачката Гоца Тржан е позната како жена без влакна на јазикот и не ретко јавно го изнесува своето мислење.

Овој пат не можеше, а да не ги коментира негативно обувките од силикон кои моментално се доста актуелни, а пак Јелена Карлеуша не излегува од нив.

-Можеби сум и тотално демоде, но мене овие провидни пластички обувки миу изгледаат како нешто во кое стапалата се потат и се мачат, а на крајот засмрдуваат, напиша Гоца на Твитер.

Со оглед на тоа дека Јелена постојано носи вакви модели, веруваме дека оваа изјава на Гоца нема да и се допадне, но нема ниту да и остане должна.

Коментари

Популарно